Куќа на Чаулеви

куќа во Охрид

Куќа на Чаулеви — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија[1] заведена под називот Куќа на ул. „Цар Самоил“ бр. 44.[2]

Куќа на Чаулеви
Куќата во 2021 година
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
Адресаул. „Цар Самоил“ бр. 40
ул. „Цар Самоил“ бр. 44 (стара адреса)
ГрадОхрид
Земја Македонија
ЗавршенаXVIII век
Технички податоци
Катови4

Историја

Куќата е сместена во стариот дек на градот, на улица „Цар Самоил“ бр. 44. Изградена е во втората половина на XVIII век и се вбројува меѓу малкуте целосно внатрешно и надворешно зачувани охридски староградски куќи од тој период. Била сопственост на Паско Чауле (Рауник).[1] Од почетокот на XXI век служи како гостинска куќа, наречена „Вила Јован“.

Архитектура

Градбата има четири ката. Начинот на изградба е традиционален, својствен на тој период — камено приземје и катови со дрвена бондручна конструкција. Вториот кат е еркерно издаден, потпрен со дрвени косници, исправајќи го неправилниот облик на приземјето и зголемувајќи го животниот простор. Куќата е добар пример за извлекување максимална просторна средина од дадена основа.[1]

Покривот има карактеристични благи падови од дрвена конструкција, со покривка од турски ќерамиди. Фасадата е бела, со својствени дрвени опшивни даски. На прозорците на приземјето има решетки, столаријата е доста сиромашна. Куќата претрпела мошне малку промени — приземјето од чевларска работилница е пренаменето во кујна со трпезарија, со доградено скалиште за горниот кат.[1]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски