Ласана Кулибали

Ласана Кулибали (роден на 10 април 1996 година, во Бамако) — малиски фудбалер, играч од средниот ред на Салернитана и на репрезентацијата на Мали.

Ласана Кулибали
Лични податоци
Полно имеЛасана Кулибали
Роден на10 април 1996(1996-04-10)(28 г.)
Роден воБамако, Мали
ДржаваМали Мали
Висина&100000000000001830000001,83 м
Позицијасреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубСалернитана Салернитана
Број18
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2015-2017Бастија Бастија44(1)
2017-2021Анже Анже49(2)
2018-2019Ренџерс Ренџерс19(1)
2019-2020Серкл Бриж Серкл Бриж16(0)
2021-Салернитана Салернитана14(0)
Репрезентација
2016Мали Мали 231(0)
2016-Мали Мали20(0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 20 јуни 2014
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 1 септември 2014

Технички одлики

Кулибали е играч од средниот ред кој најчесто дејствува во улогата пред одбраната.[1]

Клупска кариера

Роден во Бамако, Мали, Кулибали е производ на младинската школа на францускиот клуб Бастија, со кој го имал своето деби како професионалец во првата француска лига во 2015 година, на 8 август против Рен; тој го заменил Франсоа Камано во судиското продолжение при победата на неговиот тим со 2-1.[2] Две недели подоцна тој го постигнал својот прв гол во кариерата во победата со 3-0 против Генгамп.[3] Тој потоа склучил тригодишен договор со клубот на 2 јуни 2016 година. Меѓутоа, откако Бастија испаднала од Лига 1 во сезоната 2016-2017, тој го напуштил клубот после 49 настапи за него.

На 5 јули 2017 година, тој бил купен од друг француски клуб, Анже за 2 милиони евра.[4]

Откако не најде многу простор за игра во Анже, тој бил позајмен две години по ред: првата ја поминал во шкотскиот Ренџерс, каде забележал 30 настапи и постигнал 3 гола.[5] Првиот гол го постигнал против Марибор во Лига Европа, а околу еден месец подоцна погодил и во првенствената победата со 4-0 над Данди. Наредната сезона ја поминал на заем во белгискиот Серкл Бриж.[6][7]

По овие две години тој се вратил во Анже, каде ја одработил последната сезона од договорот, по што станал слободен агент во текот на летото 2021. На 31 јули 2021 година, тој се договорил со Салернитана, приклучувајќи му се на овој италијански клуб како слободен играч потпишувајќи четиригодишен договор. На 22 август, за време на натпреварот од првото коло на Серија А 2021-2022, тој го направил своето деби за Салернитана во поразот со 3-2 на гостувањето кај Болоња.

Репрезентативна кариера

Во август 2016 година, го добил својот прв повик од репрезентацијата на Мали[8] за која го направил своето деби на 4 септември истата година во победата со 5-2 против Бенин.

Потоа, тој бил повикан за Африканскиот куп на нации во 2017,[9] во 2019 и 2021 година.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Мали
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
4-9-2016БамакоМали 5 – 2  БенинКвал. за АФКОН 2017-  68'
8-10-2016БуакеБрег на Слоновата Коска 3 – 1  МалиКвал. за СП 2018-
12-11-2016БамакоМали 0 – 0  ГабонКвал. за СП 2018-
7-1-2017МаракешБуркина Фасо 2 – 1  МалиПријателска-  46'
17-1-2017Порт ЖантилМали 0 – 0  ЕгипетАФКОН 2017 - Прва фаза-  72'
25-1-2017ОјемУганда 1 – 1  МалиАФКОН 2017 - Прва фаза-  54'
10-6-2017БамакоМали 2 – 1  ГабонКвал. за АФКОН 2019- 40'
1-9-2017РабатМароко 6 – 0  МалиКвал. за СП 2018-  78'
5-9-2017БамакоМали 0 – 0  МарокоКвал. за СП 2018-  86'
23-3-2018ЛиежЈапонија 1 – 1  МалиПријателска-
16-10-2018БужумбураБурунди 1 – 1  МалиКвал. за АФКОН 2019-  65'
17-11-2018ЛибрвилГабон 0 – 1  МалиКвал. за АФКОН 2019-
23-3-2019ЈаундеМали 3 – 0  СуданКвал. за АФКОН 2019-
26-3-2019ДакарСенегал 2 – 1  МалиПријателска-
14-6-2019Ал ВакраКамерун 1 – 1  МалиПријателска- 41'
16-6-2019ДохаАлжир 3 – 2  МалиПријателска-  46'
24-6-2019СуецМали 4 – 1  МавританијаАФКОН 2019 - Прва фаза-
28-6-2019СуецТунис 1 – 1  МалиАФКОН 2019 - Прва фаза-
2-7-2019ИсмаилијаАнгола 0 – 1  МалиАФКОН 2019 - Прва фаза-
8-7-2019СуецМали 0 – 1  Брег на Слоновата КоскаАФКОН 2019 - Осминафинале- 36'  80'
5-9-2019ДамамСаудиска Арабија 1 – 1  МалиПријателска-
13-10-2019Порт ЕлизабетЈужна Африка 2 – 1  МалиПријателска-
9-10-2020МанавгатМали 3 – 0  ГанаПријателска-
13-11-2020БамакоМали 1 – 0  НамибијаКвал. за АФКОН 2021-
17-11-2020ВиндхукНамибија 1 – 2  МалиКвал. за АФКОН 2021-
6-6-2021БлидаАлжир 1 – 0  МалиПријателска-  85'
15-6-2021РадесТунис 1 – 0  МалиПријателска-
1-9-2021АгадирМали 1 – 0  РуандаКвал. за СП 2022- 35'
12-1-2022ЛимбеТунис 0 – 1  МалиАФКОН 2021 - Прва фаза-  81'
16-1-2022ЛимбеГамбија 1 – 1  МалиАФКОН 2021 - Прва фаза- 20'  46'
ВкупноНастапи30Голови0

Статистика

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 12 јануари 2022.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2015-2016 БастијаЛ1151КФ+ЛК2+10------181
2016-2017Л1300КФ+ЛКФ0+10------310
Вкупно Бастија4512+20----491
2017-2018 АнжеЛ1191КФ+ЛК0+30------221
2018-2019 РенџерсШПЛ191КШ+ЛКШ1+11+0ЛЕ3[10]+61[10]---304
2019-2020 Серкл БрижПЛ160КБ10------170
2020-2021 АнжеЛ1291КФ+ЛК2+00------311
Вкупно Анже4822+30----532
2021-2022 СалернитанаА140КИ20------160
Вкупно во кариерата142414191--1656

Наводи

Надворешни врски