Фудбалска репрезентација на Мароко

Фудбалската репрезентација на Мароко го претставувa Мароко на меѓународните фудбалски натпрварувања и е под контрола на мароканскиот фудбалски сојуз (الاتحادية الجزائرية لكرة القدم). Прекар на репрезентацијата е Irzem n Atlasi (македонски: Лавовите од Атлас).

 Мароко
Грб на фудбалскиот сојуз
СојузФудбалски сојуз на Мароко
КонфедерацијаКАФ (Африка)
СелекторФранција Босна и Херцеговина Вахид Халилхоџиќ
КапитенРомен Сајс
Најмногу настапиНуредин Најбет (140)
Најдобар стрелецАхмед Фарас (42)
Домашен стадионСтад Адрар, Маракеш
ФИФА кодMAR
Домашни бои
Гостински бои
резервни бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално53 (11 август 2013)
Највисок10 (април 1998)
Најнизок95 (септември 2010)
Прв меѓународен натпревар
 Мароко 3–3  Ирак
(Либан; 19 октомври 1957)
Најголема победа
 Мароко 13–1 Саудиска Арабија 
(Мароко; 6 септември 1961)
Најлош пораз
 Унгарија 6–0 Мароко 
(Јапонија; 11 октомври 1964)
Светско првенство
Учества4 (првпат во 1970)
Најдобар резултатосминафинале 1986
Африкански куп на нации
Учества15
Најдобар резултатпобедници, 1976

Репрезентацијата досега петнаесет пати учествувала на Африканскиот куп на нации, а победници се на турнирот во 1976. Досега исто така имаат и 4 настапи на завршницата на Светските првенства, каде тие станале првата африканска нација која успеала да ја мине групната, откако тоа им пошло од рака во 1986 година завршувајќи пред три европски репрезентации Португалија, Полска и Англија. Меѓутоа, во осминафиналето биле елиминирани од подоцнежниот вицешампион Западна Германија со 1-0, и тоа осминафинале останува нивниот најдобар резултат на Светските првенства до денес, иако тие биле блиску да ја минат групната фаза и на првенството во 1998 кога ги делеле само две минути од пласман понатаму, меѓутоа доцниот погодок на Кјетил Рекдал за Норвешка против Бразил ги одвел Норвежаните понатаму и го елиминирал Мароко.

Историја

Географската близина на државата до Португалија и Шпанија и нејзината склоност кон шпанската култура се одразуваат и во фудбалот, со присуство на марокански таленти во иберскoto и луситанскoto првенство.[1] Мароко за првпат се пласирал на Светските првенства во 1970 во Мексико, каде биле елиминирни уште во првиот круг. Шест години подоцна, репрезентацијата се искачила на континенталниот престол триумфирајќи на Африканскиот куп на нации во Етиопија, освојувајќи го првото место во завршната група во која биле уште и Гвинеја, Нигерија и Египет.[2] Меѓу најистакнатите фудбалери на Мароко од овој период се издвојува Ахмед Фарас, играчот кој и ден-денес е водечки по бројот на постигнати голови за мароканската репрезентација.

Второто учество на Мароко на Светско првенство дошло повторно во Мексико каде што тие и дебитираа, меѓутоа сега во 1986 година. Тие на општо изненадување на сите успеале да го минат, првиот круг иако се нашле во група со три силни европски репрезентации како Португалија, Англија и Полска, меѓутоа нивниот пат завршил во осминафиналето каде биле поразени од Западна Германија со 1-0 со гол во завршницата од натпреварот.[3] Со самиот пласман во осминафиналето Мароко станал првата африканска и арапска земја која успеала да го мине првиот круг на Светските првенства.

Кон крајот на милениумот, Мароко учествувал уште на две последователни Светски првенства: најпрво во САД во 1994, а потоа и во Франција во 1998. На првенството играно во 1994 атласките тигри се нашле во група со Холандија, Саудиска Арабија и Белгија и испаднале уште во првиот круг, заземајќи го последното четврто место во групата без ниту еден освоен бод забележувајќи три минимални порази. Истата судбина - елиминација во првата фаза на натпреварување - ги снашла и четири години подоцна на првенството одржано во Франција во 1998, меѓутоа таму одиграле многу позначајна улога и само неколку минути ги делеле од пласман во осминафиналето откако во последното трето коло од групната фаза ја совладале Шкотска со убедливи 3-0 и им било потребно Бразил да не загуби од Норвешка; голот на Кјетил Рекдал од пенал во 88-мата минута од натпреварот им донел победа на скандинавците со 2-1 и пласман понатаму заедно со Бразил, а Мароко и покрај освоените 4 бода (1-1-1) бил елиминран.[4] Во 2004 година, репрезентацијата играла во финалето на Африканскиот куп на нации каде била поразена од својот магребски соперник Тунис со 2-1.[5]

Мароко бил избран да биде домаќин на Африканскиот куп на нации 2015, меѓутоа владата на Мароко побарала одложување на турнирот заради епидемијата од ебола во западна Африка. Откако случајот бил разгледуван на состанокот на Извршниот комитет, КАФ одлучил датумот за почеток на првенството да остане исти, по што Мароко се откажал од организацијата на турнирот. На 5 февруари 2015 година, Извршниот комитет на КАФ одлучил да ја суспендира Фудбалската репрезентација на Мароко од следните две изданија на Африканскиот куп на нации во 2017 и 2019 година, и да му се додели на Фудбалскиот сојуз на Мароко парична казна од 1 милиони американски долари, заедно со сума од 8.05 милиони евра во надомест за сите материјални штети кој ги претрпел КАФ, заинтересираните страни и партнери, како резултат на одлуката да не се биде домаќин на изданието во 2015 година.[6] Сепак, забраната била поништена од страна на Арбитражниот суд за спорт, што значи дека Мароко може да учествува на овие турнири..[7]

Соперништва

Репрезентацијата има историско соперништво со останатите Магребски земји: Алжир, Тунис и Египет.[8]

Титули

Победник (1): 1976
Вицешампион (1): 2004
Трето место (1): 1980
  • Арапски куп на нации
Шампиони (1): 2012

Настапи на турнирите

Настапи на Светските првенства

Светско првенствоКвалификации за
Светско првенство
Домаќин/ГодинаФазаМес.ОНПНИДГПГОНПНИДГПГ
1930Не учествувалеНе учествувале
1934
1938
1950
1954
1958
1962Не се квалификувале722378
1966Се повлеклеСе повлекле
1970Групна фаза14.30122610442117
1974Не се квалификувале104331213
1978202022
1982832356
1986Осминафинале11.4121328521121
1990Не се квалификувале613245
1994Групна фаза23.30032510721194
1998Групна фаза18.3111556510142
2002Не се квалификувале10631113
200610550177
2010103341413
2014623198
2018Се квалификувале8430130
2022To be determined
ВкупноОсминафинале5/2213247121811653412215980

Настапи на Африканскиот куп на нации

Африкански куп на нацииКвалификации за Африканскиот куп на нации
ГодинаФазаМестоОНПНИДГПГОНПНИДГПГ
1957Не учествувалеНе учествувале
1959
1962Се повлеклеСе повлекле
1963Не се квалификувале210156
1965Не учествувалеНе учествувале
1968
1970Не се квалификувале210112
1972Групна фаза5.303033420296
1974Did not enterDid not enter
1976Победници1.64201166402134
1978Фаза по групи6.313124Се квалификувале како бранители на титулата
1980Трето место3.5212434211145
1982Не се квалификувале430184
1984412142
1986Четврто место4.512245211010
1988Четврто место4.513133Се квалификувале како домаќин
1990Не се квалификувале202011
1992Групна фаза9.2011126402114
1994Не се квалификувале622254
1996411224
1998Четвртфинале6.4211636420101
2000Групна фаза11.311112422064
2002Групна фаза9.311134631254
2004Финале2.64111446510100
2006Групна фаза13.30210110550177
2008Групна фаза11.310276431061
2010Не се квалификувале103341413
2012Групна фаза12.310245632182
2013Групна фаза10.303033210142
2015Се повлекле, биле диквалификувани и не учествувалеСе повлекле, биле диквалификувани и не учествувале
2017Четвртфинале7.4202436510101
2019To Be Determined
2021
2023
Вкупно1 титула15/3057192216665410656272316477

Играчи

Моментален состав

Следниве 23 играчи се повикани за Африканскиот куп на нации 2015 и подготовките за нив.[9]

Бр.Поз.ИграчГод.НастапиГоловиКлуб
ГММунир Мохамеди10 мај 1989(1989-05-10)(34 г.)100 Нумансија
ГМЈасин Буну5 април 1991(1991-04-05)(33 г.)60 Џирона
ГМЈасин Ел Каруби29 март 1990(1990-03-29)(34 г.)10 Локомотив Пловдив
ОДМеди Бенатија17 април 1987(1987-04-17)(37 г.)431 Јувентус (Капитен)
ОДНабил Дирар25 февруари 1986(1986-02-25)(38 г.)192 Монако
ОДАшраф Лазар22 јануари 1992(1992-01-22)(32 г.)160 Њукасл Јунајтед
ОДМануел Да Коста6 мај 1986(1986-05-06)(37 г.)130 Олимпијакос
ОДАбделхамид Ел Каутари17 март 1990(1990-03-17)(34 г.)130 Бастија
ОДЗухаир Федал1 јануари 1989(1989-01-01)(35 г.)110 Алавес
ОДФајсал Рерас7 април 1993(1993-04-07)(31 г.)10 Хартс
ОДКевин Малки31 јули 1991(1991-07-31)(32 г.)00 Сент-Етјен
СРЈунес Белханда25 февруари 1990(1990-02-25)(34 г.)343 Ница
СРКарим Ел Ахмади27 јануари 1985(1985-01-27)(39 г.)341 Фејенорд
СРОмар Ел Кадури21 август 1990(1990-08-21)(33 г.)225 Наполи
СРМунир Обади4 април 1983(1983-04-04)(41 г.)200 Лил
СРМехди Карсела-Гонсалес1 јули 1989(1989-07-01)(34 г.)110 Гранада
СРХаким Зијеш19 март 1993(1993-03-19)(31 г.)72 Ајакс
СРРомен Саис26 март 1990(1990-03-26)(34 г.)50 Вулверхемптон Вондерерс
СРФајсал Фајр1 август 1988(1988-08-01)(35 г.)40 Депортиво Ла Коруња
СРСофијан Буфал17 септември 1993(1993-09-17)(30 г.)20 Саутхемптон
СРЈусеф Аит Бенасер7 јули 1996(1996-07-07)(27 г.)10 Монако
НПНордин Амрабат31 март 1987(1987-03-31)(37 г.)304 Вотфорд
НПЈасин Баму9 ноември 1991(1991-11-09)(32 г.)41 Нант
НПЈусеф Ен Несири1 јули 1997(1997-07-01)(26 г.)10 Малага
НПРајан Ммае1 април 1997(1997-04-01)(27 г.)10 Стандард Лиеж

Играчки рекорди

Список на играчи со најмногу настапи
#ИграчКариераНастапиГолови
1Абделмаџид Долми1971–19881408
2Алал Бенкасу1964–19721160
3Нуредин Најбет1990–20061154
4Хусин Харја2003–20157812
5Ахмед Фарас1965–19797742
Јусеф Сафри1993–2003778

Список на играчи со најмногу постигнати голови
#ИграчКариераГоловиНастапиГолови по натпревар
1Ахмед Фарас1965–197942770.8
2Салахедин Басир1994–200227590.6
3Абделџалил Хада1995–200219480.43
4Маруан Шамах2003–201418650.31
5Јусеф Хаџи2003–201216640.27
6Јусеф Ел-Араби2010-15360.77
7Хусин Харја2003–201512780.18

Селектори

Source:[10]

Селектор
ИмеДржаваГодини како селекторОсвоени трофеи
Ларби Бен Барек 1957
Мохамд Хамири 1959
Абделкадир Лохмири 1959
Ларби Бен Барек 1960
Кадер Фиру 1961
Мохамед Масун 1961–1963
Мохаме Масун & Абдерахман Маџуб 1963–1967
Абдерахман Маџуб 1967
Ги Клозо & Абделах Сетати , 1968–1969
Абделах Сетати 1969
Благоја Видиниќ 1970
Хосе Баринга 1971–1972
Абделах Сетати 1972
Абдерахман Маџуб 1972–1973
Виргил Мардареску 1974–1978Африкански куп на нации 1976
Абделах Ел-Амари 1978
Ги Клозо 1979
Жист Фонтејн 1979–1980
Џебран & Јабрам Хамидуш 1980
Јабрам Хамидуш 1981
Абделах Ел-Амари 1982
Хаиме Валенте 1983
Мехди Фарија 1983–1988
Хаиме Валенте 1988–1989
Антонио Валентин 1989–1990
Абделах Блинда 1990
Абделгани Ел-Насири 1990
Вернер Олк 1990–1992
Абделхалек Лузани 1992
Абделах Блинда 1993–1994
Мохамед Лемари 1994
Жилсон Нуњеш 1995
Анри Мишел 1995–2000
Хенрик Касперчак 2000
Мустафа Мадих (caretaker) 2000
Умберто Коелјо 2000–2002
Баду Езаки 2002–2005
Филип Трусије 2005
Мохамед Факир 2006–2007
Анри Мичел 2007–2008
Фати Џемал 2008
Роже Лемер 2008–2009
Хасан Мумен (caretaker) 2009–2010
Ерик Геретс 2010–20122012 Arab Nations Cup
Рашид Таузи 2012–2013
Хасан Бенабича (caretaker) 2013-2014
Баду Езаки[11] 2014–2015
Ерве Ренар[12] 2016–present

Дресови и произведувачи на опрема

Дресови

Principaux maillots utilisés par l'équipe du Maroc
Домашен историски дрес
Домашен 2010-2011
Гостински 2010-2011
Домашен 2011-2012
Гостински 2011-2012
Домашен 2012-2013
Гостински 2012-2013

Произведувачи на опрема

Произведувач на опремаПериод
Adidas
1982-1993
Lotto
1994-1995
Umbro
1995
Lotto
1995-1997
Puma
1998–2001
Nike
2002–2006
Puma
2007–2011
Adidas
2012–present

Надворешни врски

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица