Доха

Доха (арапски: الدوحة, ед-Давха или ед-Доха) — главен град на Катар. Градот врои 400.051 жител, според пописот од 2005 година[1] и се наоѓа во општината Доха, на брегот на Персискиот Залив. Доха е најголемиот град во Катар, а воедно и најголем економски центар во земјата. Повеќе од 80% од населението во Катар живее во Доха и околината на градот. Градот е и седиште на многу административни институции во земјата, меѓу кои и Владата на Катар, на чие чело е шеикот Хамад бин Халифа, кој всушност е емир на Катар. Во Доха има и образовен град, кој се простира на површина наменета за истражување и образование. Во градот се одржа првата министерска средба во рамките на преговоите на Светската трговска организација. Во 2006, градот беше домаќин на Азиските игри.

Доха
الدوحةad-Dawḥa
од горе: Универзитет Катар, Музеј на исламска уметност, панорамски поглед на Доха, Сук Вакиф, островот Бисер
од горе: Универзитет Катар, Музеј на исламска уметност, панорамски поглед на Доха, Сук Вакиф, островот Бисер
Местоположба на општина Доха во Катар.
Местоположба на општина Доха во Катар.
Координати: 25°17′12″N 51°32′0″E / 25.28667° СГШ; 51.53333° ИГД / 25.28667; 51.53333
државаКатар
општинаАд Давха
основан1850
Површина
 • Градско подрачје132 км2 (51 ми2)
Население (2018)
 • Градско подрачје2,382,000
 • Густина0,018/км2 (0,047/ми2)
Часовен појасАСТ (UTC+3)
Мреж. местоvisitqatar.qa/doha

Историја

Градот Доха е основане во 1850, апрвото име на градот било Ел-Бида. Во 1882 била изградена тврдината Ал Ваџба вон југозападниот дел од градот од страна на Ал Рајан. Следната 1883, во градот се војвала битката меѓу четите на шеикот Касима и османлиската војска, во која Османлиите биле поразени.

Во 1916, Доха станал престолнина на британскиот протекторат на Катар. Во 1917, шеикот Абдула бин Касим Ал-Тани дал наредба да се изгради тврдината Ал Кут, која се наоѓа во централниот дел од градот.

Во 1949, во околината на градот започнало истражувањето на нафта. Со пронаоѓањето на „црното злато“, Катар стана еден од најголемите производители на нафта во светот. Денес, во земјата се произведуваат околу 800.000 барели.

Во 1971 година по прогласувањето на независноста, градот станал главен град на независната држава Катар.

Во 1969, била изградена и отворена зградата на владата, а во 1973 во Доха е отворен Универзитетот Катар. Во 1975 бил отворен Националниот музеј на Катар, а во 1996 започна емитувањето на сателитскиот канал на телевизијата Ал Џезира.

Клима

Доха се одликува со пустинска клима. Градот се наоѓа во Арапскиот полуостров и како таков неговите климата се одлекува со многу високи температури во летниот период. Просечните дневни температури се околу 40 °C во периодот од мај до септември септември, а утринската температура во овој период од годината може да се спушти до 25 °C. Во текот на летните месеци, градот во просек речиси и да нема врнежи, а врнежите се помали од 25 mm за време на другите месеци.[2] Ретките врнжежи се можни во периодот од октомври до март. Во зима, просечната дневна температура е нешто над 20 °C, а утринската може да се спушти и до 7 °C.

Климатски податоци за Доха
МесецЈанФевМарАпрМајЈунЈулАвгСепОктНоеДекГодишно
Највисока забележана °C (°F)31.2
(88.2)
36.0
(96.8)
39.0
(102.2)
46.0
(114.8)
47.7
(117.9)
49.0
(120.2)
48.2
(118.8)
48.0
(118.4)
45.5
(113.9)
43.4
(110.1)
38.0
(100.4)
32.2
(90)
49.0
(120.2)
Прос. висока °C (°F)21.7
(71.1)
23.0
(73.4)
26.8
(80.2)
31.9
(89.4)
38.2
(100.8)
41.2
(106.2)
41.5
(106.7)
40.7
(105.3)
38.6
(101.5)
35.2
(95.4)
29.5
(85.1)
24.1
(75.4)
32.7
(90.9)
Сред. дневна °C (°F)17.0
(62.6)
17.9
(64.2)
21.2
(70.2)
25.7
(78.3)
31.0
(87.8)
33.9
(93)
34.7
(94.5)
34.3
(93.7)
32.2
(90)
28.9
(84)
24.2
(75.6)
19.2
(66.6)
26.7
(80.1)
Прос. ниска °C (°F)12.8
(55)
13.7
(56.7)
16.7
(62.1)
20.6
(69.1)
25.0
(77)
27.7
(81.9)
29.1
(84.4)
28.9
(84)
26.5
(79.7)
23.4
(74.1)
19.5
(67.1)
15.0
(59)
21.6
(70.9)
Најниска забележана °C (°F)3.8
(38.8)
5.0
(41)
8.2
(46.8)
10.5
(50.9)
15.2
(59.4)
21.0
(69.8)
23.5
(74.3)
22.4
(72.3)
20.3
(68.5)
16.6
(61.9)
11.8
(53.2)
6.4
(43.5)
3.8
(38.8)
Прос. врнежи мм (ин)13.2
(0.52)
17.1
(0.673)
16.1
(0.634)
8.7
(0.343)
3.6
(0.142)
0.0
(0)
0.0
(0)
0.0
(0)
0.0
(0)
1.1
(0.043)
3.3
(0.13)
12.1
(0.476)
75.2
(2.961)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1,0 мм)1.72.11.81.40.20.00.00.00.00.10.21.38.8
Прос. релативна влажност (%)71706352444149556263667159
Сред. бр. сончеви часови месечно244.9224.0241.8273.0325.5342.0325.5328.6306.0303.8276.0241.83.432,9
Извор: NOAA (1962-1992) [3]

Демографија

Населението во Доха го сочинуваат голем број на имигранти, при што Катарците се малцинство. Најкголемиот дел од имигрантите се доселени од земјите од Јужна Азија, а има и голем број имигранти од другите арапските земји, Левант и Источна Азија. Доха, исто така, е дом на имигранти од САД, Франција, Велика Британија, Јужна Африка, Норвешка и многу други земји. Во минатото, на имигрантите им било забрането да поседуваат земјиште, но денес тоа е дозволено со поседување на дозвола.

Со зголемувањето на бројот на имигранти од сите делови на светот, во градот дојде и до промена на религиозната структура. Официјална религија во земјата е исламот, но сè повеќе Христијани се населуваат во Катар, а особено во Доха. оради тоа, емирот Хамад бин Халифа одлучи да додели земјиште за изградба на цркви. Првата католичка црква во градот беше отворена во март 2008, но сепак поради почитување на месното население, христијанските симболи сè уште не се јавно изложени. Во изградба се уште 5 цркви во градот.

Порастот на населението во градот Доха е прикажано во табелата.

ГодинаНаселениеМетро
1986217,294[4]
1992313,639[4][5]
2001299,300[6]
2004339,847 [7]612,707
2005400,051[1][8][9]
2008998,651[10]

Територијална поделба

Градот Доха е поделен на голем број на области, а некои од најпознатите се:

  • Ал Бида (البدع)
  • Бин Махмуд (فريج بن محمود)
  • Ал Дафна (الدفنة)
  • Ал Хилал (الهلال)
  • Мадинат Халифа (مدينة خليفة)
  • Ал Мамура (المعمورة)
  • Ал Мархија (المرخية)
  • Ал Наср (النصر)
  • Стар аеродром (المطار القديم)
  • Онаиза عنيزة
  • Кутаифија (القطيفية)
  • Рас Абу Абуд (راس أبو عبود)
  • Ал Сад (السد)
  • Румеила (الرميلة)
  • Ал Вааб (الوعب)
  • Вади Ал Саил (وادي السيل)
Поглед на Доха од јужниот дел на пристаништето, со поглед на Музејот на исламска уметност.

Стопанство

Податотека:Doha construction.jpg
Изградби во тек на крајбрежјето од градот

Градот е центар на нафтената индустрија и риболовот. Тој е најголемиот економски центар во земјата. Во Доха, се наоѓаат седиштата на големите компании, како што се Qatar Petroleum, Qatargas и RasGas. Во моментов, Владата на Катар се одржува курс за заштита на економијата, фокусирајќи се на производството на нафта и гас. Доха, исто така е и водечки туристички центар во земјата.

Превоз

Крајбрежна улица

Во близина на Доха се наоѓа меѓународниот аеродром Доха, кој е единствен аеродром во Катар. Аеродромот, истовремено е и седиште на компанијата Qatar Airways, која е една од водечките авиокомпании во регионот. Платежните олеснувања на аеродромот беа зголемени за неколкупати во изминатите декади, но поради ограничениот простор на аеродромот, ограничени се и олеснувањата.

Доха има одлична патна мрежа, која во моментов доживува огромни подобрувања, вклучувајќи ја и изградбата на голем број патишта. Најголемиот автопат во изградба е експресниот пат Доха. Градот има и широка автобуска мрежа, управувана од компанијата Mowasalat, која исто така поседува и такси-компанија под нејзиниот бренд Karwa. Сепак, главно превозно средство во Доха е автомобилот, а автобусот најчесто се користи од страна на населението со ниски приходи.

Пристаништето во Доха е меѓу најголемите пристаништа во земјата. Пристаништето е главен услужен поморски центар во Доха, иако плановите за изградба на ново пристаниште се во тек, а поради големото загадување на градот, новопредложената местоположба е во близина на градот Ал Вакра, јужно од аеродромот Доха.

Причина за најголемиот број на смртни случаи во градот се сообраќајните несреќи. Во просек од 15 до 22 лица дневно се жртви во сообраќајни несреќуи.

Образование

Универзитетот Катар

Образованието е во центарот на вниманието на катарската влада во последните неколку години. Во прилог на универзитетот Катар, основан во 1973 година, владата има намера да основа група на универзитети во Доха, со што градот би прераснал во Образовен град.

Проектот Образовен град е проект на невладината и непрофитна иорганизација Фондација Катар, чија цел е развој на образованието, науката и заедницата. Проектот беше изнесен и сваетскиот самит на образовни иновации. Самитот беше глобален форум кој ги спојува заинтересираните за развојот на образованието во светот.

Клучна институција во развојот на образованието во Катар е Врховниот совет за комуникација и информациска технологија ictQATAR. Со својот модел на електронско образование, ictQATAR го спојува развојот на образованието со развојот на информатичката култура во Катар.

Спорт

Поглед на Спортскиот град Доха за време на церемонијата на свечено отворање на Азиските игри 2006

Во Доха има голем број на спортски стадиони, од кои многу беа реновирани во подготовките за 15. Азиски игри, кои се одржа во декември 2006 година. За игрите беа потрошени Доха потроши $2.8 милијарди долари. Доха, исто така, беше домаќин на 3. Западноазиски игри во декември 2005 година. Градот се очекува да биде домаќин на Азиските затворени игри - 2011, а истата 2011, Катар ќе биде домаќин на азиското фудбласко првенство, во чии рамки се очекува завршните натпревари да се одиграат во Доха.

Доха поднесе кандидатура за град-домаќин за организирање на Летните олимписки игри во 2016.[11] Градот имаше речиси 70% од собиралиштат потребни за организирање на еден таков настан, во кои претходно се одржаа натпреварите од Азиските игри во 2006. Докиолку градот ја добиеше организацијата на Олимписките игри, Олимпиското село ќе беше изградено на површина од 67 хектари, со капацитет од 18,000 луѓе.[12] Градот беше елиминиран од потесната група на кандидати за град-домаќин на игрите.

Образование

Градот е домаќин на Универзитетот во Катар, како и кампусот на деловното училиште ХЕК Париз.

Збратимени градови

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица