Африкански куп на нации 2021

Африкански куп на нации 2021 (познато и како АФКОН 2021, односно КАН 2021) било 33-тото по ред фудбалско континентално првенство на Африка познато како Африкански куп на нации. Натпреварувањето е организирано од Африканската фудбалска конфедерација, а се одржало во Камерун од 9 јануари до 6 февруари 2022 година.[1][2]

Африкански куп на нации 2021
Податоци
ДомаќинКамерун Камерун
Траење9 јануари - 6 февруари
Tимови24 (од една конфедерација)
Стадион(и)(во 5 градови)
Шампиони Сенегал (1. титула)
2. место Египет
3. место Камерун
4. место Буркина Фасо
Статистика
Вкупно натпревари52
Вкупно голови100  (1.92 по натпревар)
Публика
Најдобар стрелец(и)Камерун Венсан Абубакар (8 гола)
Најдобар играчСенегал Садио Мане
Најдобар голманСенегал Едуар Менди
2023 →     ← 2019

Инфокутијата е последен пат ажурирана на 12 јануари 2017.

Првично во план било турнирот да се одржи во летото 2021 година. Меѓуоа, поради неповолните климатски услови во тој период, КАФ издал соопштение дека турнирот ќе се одигра порано во јануари и февруари истата година.[3] Сепак, подоцна КАФ по втор пат го поместил датумот на одржување на турнирот; одлучено било дека првенство ќе се одигра на почетокот на 2022 година како последица на пандемијата од КОВИД-19 на просторот на целиот континент. Поради спонзорски причини, името Африкански куп на нации 2021 останало во употреба.[4]

Бранител на титулата била репрезентацијата на Алжир, која на турнирот во 2019 по втор пат во историјата станала шампион на Африка.

Турнирот го освоила репрезентацијата на Сенегал, која во финалето го победила Египет со 4-2 по изведување на пенали.[5] Тоа била првата титула за Сенегал на турнирите од Африканскиот куп на нации, по две изгубени финалиња во 2002 и на претходно одиграниот турнир во 2019. Третото место го освоил домаќинот на првенството, репрезентацијата на Камерун.

Избор на домаќин

По состанокот на Извршниот комитет на КАФ на 24 јануари 2014 година, било објавено дека има тројца официјални кандидати за домаќинството на изданието во 2021 година:[6]

Кандидатури:

  • Алжир
  • Брегот на Слоновата Коска
  • Гвинеја

Одбиени кандидатури:

  • ДР Конго
  • Габон
  • Замбија

Одлуката на земјата-домаќин била одложена од почетокот на 2014 година за да и се даде на секоја земја-кандидат соодветно време да ја прими делегацијата за инспекција.[6] По последното гласање на состанокот на Извршниот комитет на КАФ, на 20 септември 2014 година, КАФ ги објавил домаќините за АФКОН турнирите во 2019, 2021 и 2023 година: според тоа Камерун ја добил кандидатурата за 2019, Брегот на Слоновата Коска за 2021 и Гвинеја за 2023 година.[7]

На 30 ноември 2018, КАФ му го одзел домаќинството на Камерун на Африканскиот куп на нации 2019 .[8] Сепак, претседателот на КАФ Ахмад Ахмад рекол дека се согласил Камерун да биде домаќин на Африканскиот куп на нации во 2021 година. Следствено, Брегот на Слоновата Коска, оригиналниот домаќин на турнирот во 2021 година, ќе биде домаќин на Африканскиот куп на нации 2023, а Гвинеја, оригиналниот домаќин во 2023 година, ќе биде домаќин на Африканскиот куп на нации во 2025 година.[9][10]

На 30 јануари 2019 година, претседателот на КАФ ја потврдил промената во распоредот, по состанокот со претседателот на Брегот на Слоновата Коска Аласане Уатара во Абиџан.[11]

Квалификувани репрезентации

Следниве репрезентации се квалификувале за првенството.

РепрезентацијаКвалификувана какоДатум на квалификувањеБрој на учестваПоследно учествоНајдобар резултатПласман на
ранг-листата на ФИФА пред почетокот на првенството
 КамерунДомаќин / Победник на групата Ф8 јануари 2019202019Шампион (1984, 1988, 2000, 2002, 2017)50. место
 СенегалПобедник на групата И15 ноември 2020162019Финалист (2002, 2019)20. место
 АлжирПобедник на групата Х16 ноември 2020192019Шампион (1990, 2019)29. место
 МалиПобедник на групата А17 ноември 2020122019Финалист (1972)53. место
 ТунисПобедник на групата Ј17 ноември 2020202019Шампион (2004)30. место
 Буркина ФасоПобедник на групата Б24 март 2021122017Финалист (2013)60. место
 ГвинејаВторопласиран во групата А24 март 2021132019Финалист (1976)81. место
 КомориВторопласиран во групата Г25 март 20211деби132. место
 ГабонВторопласиран во групата Д25 март 202182017Четвртфинале (1996, 2012)89. место
 ГамбијаПобедник на групата Д25 март 20211деби150. место
 ЕгипетПобедник на групата Г25 март 2021252019Шампион (1957, 1959, 1986, 1998, 2006, 2008, 2010)45. место
 ГанаПобедник на групата Ц25 март 2021232019Шампион (1963, 1965, 1978, 1982)52. место
 Екваторска ГвинејаВторопласиран во групата Ј25 март 202132015Четврто место (2015)114. место
 ЗимбабвеВторопласиран во групата Х25 март 202152019Групна фаза (2004, 2006, 2017, 2019)121. место
 Брег на Слоновата КоскаПобедник на групата К26 март 2021242019Шампион (1992, 2015)56. место
 МарокоПобедник на групата Е26 март 2021182019Шампион (1976)28. место
 НигеријаПобедник на групата Л27 март 2021192019Шампион (1980, 1994, 2013)36. место
 СуданВторопласиран во групата Ц28 март 202192012Шампион (1970)125. место
 МалавиВторопласиран во групата Б29 март 202132010Групна фаза (1984, 2010)129. место
 ЕтиопијаВторопласиран во групата К30 март 2021112013Шампион (1962)137. место
 МавританијаВторопласиран во групата Е30 март 202122019Групна фаза (2019)103. место
 Гвинеја-БисаоВторопласиран во групата И30 март 202132019Групна фаза (2017, 2019)106. место
 Зелен ’РтВторопласиран во групата Ф30 март 202132015Четвртфинале (2013)73. место
 Сиера ЛеонеВторопласиран во групата Л15 јуни 202131996Групна фаза (1994, 1996)108. место

Судии

Следниве судии биле избрани да ја делат правдата на натпреварите од Африкански куп на нации 2021. Освен од КАФ, двајца судии доаѓаат од КОНКАКАФ.[12]

Главни судии

  • Мустафа Горбал
  • Елдер Мартинс де Карваљо
  • Џошуа Бондо
  • Пасифик Ндабихавенимана
  • Блез Јувен Нгва
  • Махмуд Ел Бана
  • Мохамед Маруф Еид Мансур
  • Амин Омар
  • Бамлак Тесема Вејеса
  • Данијел Ларјеа
  • Бакари Гасама
  • Марио Ескобар
  • Питер Ваверу
  • Андофетра Ракотожаона
  • Бубу Траоре
  • Дахан Беда
  • Ахмад Хералал
  • Редуан Жијед
  • Жан Жак Ндала Нгамбо
  • Салима Мукансанга
  • Магет Ндиаје
  • Иса Си
  • Бернард Камил
  • Виктор Гомес
  • Садок Селми
  • Џени Сиказве

ВАР судии

  • Лалу Бенбрахам
  • Мехди Абид Шареф
  • Махмуд Мохамед Ашур
  • Ахмед Ел Гандур
  • Фернандо Гереро
  • Самир Гезаз
  • Адил Зурак
  • Бушра Карбуби
  • Хајтем Гират

Ждрепка

Ждрепката требала да се одржи на 25 јуни 2021, но е одложен за 17 август 2021.[2][13][14] Дваесет и четири репрезентации поделени се во четири групи, а секоја група се состои од шест екипи.

Прв шеширВтор шеширТрет шеширЧетврт шешир

 Камерун (домаќин)
 Алжир (б.т.)
 Сенегал
 Тунис
 Нигерија
 Мароко

 Египет
 Гана
 Мали
 Брег на Слоновата Коска
 Гвинеја
 Буркина Фасо

 Зелен ’Рт
 Габон
 Мавританија
 Зимбабве
 Гвинеја-Бисао
 Сиера Леоне

 Судан
 Малави
 Комори
 Екваторска Гвинеја
 Етиопија
 Гамбија

Стадиони

Со оглед на тоа дека бројот на учесниците на Африканскиот куп на нации се зголемил од шеснаест на дваесет и четири репрезентации, натпреварите на ова издание се одиграле на шест стадиони во пет градови во Камерун.[15] Тие шест стадиони биле: Олембе и Ахмаду Ахиџо во главниот град Јаунде, потоа Јапома во Дуала, стадионот Лимбе во истоимениот гра, Куеконг во Бафусам и Румде Аџија во Гаруа.[16] Првиот и последниот натпревар на првенството се одиграле на новоизградениот стадион Олембе во Јаунде чији капацитет изнесува 60.000 седечки места.[17]

Бафусам
Лимбе
ДуалаЈаунде
Стадион ЈапомаСтадион ОлембеСтадион Ахмаду Ахиџо
Капацитет: 50.000Капацитет: 60.000Капацитет: 42.500
ГаруаБафусамЛимбе
Стадион Румде АџијаСтадион КуеконгСтадион Лимбе
Капацитет: 30.000Капацитет: 20.000Капацитет: 20.000

Групна фаза

Правила за одредување на позициите

Од секоја група понатаму одат првопласираната и второпласираната репрезентација, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации.

Позициите на табелата се одредуваат според бројот на освоените бодови (победа вреди три, реми еден и пораз нула бодови). Доколку две екипе имају ист број на бодова на крајот на групната фаза, позициите ќе се одредуваат според следните критериуми (по наведениот редослед) за да се утврди конечниот пласман (член 74 од Правилникот):[18]

  1. број на освоени бодови во меѓусебните дуели помеѓу засегнатите екипи;
  2. гол-разлика во меѓусебните дуели помеѓу засегнатите екипи;
  3. број на постигнати голови во меѓусебните дуели помеѓу засегнатите екипи;
  4. доколку повеќе од две екипи се изедначени и ако две екипи се и понатаму изедначени, сите горенаведени критериуми важат исклучиво за тие две екипи;
  5. гол-разлика во сите натпревари во групата;
  6. број на постигнати голови во сите натпревари во групата;
  7. ждрепка.

Сите времиња се локални, WAT (UTC+1).

  Екипа која се квалификувала во осминафинале

Група А

Африкански куп на нации 2021 - група A
Поз.ЕкипаОНПНИДГПГГРБод
1.  Камерун321073+47
2.  Буркина Фасо31113304
3.  Зелен ’Рт31112204
4.  Етиопија301226-41
v  Буркина Фасо

v  Зелен ’Рт

v  Етиопија

v  Буркина Фасо

v  Камерун

v  Етиопија

Група Б

Африкански куп на нации 2021 - група Б
Поз.ЕкипаОНПНИДГПГГРБод
1.  Сенегал312010+15
2.  Гвинеја31112204
3.  Малави31112204
4.  Зимбабве310234-13
v  Зимбабве

v  Малави

v  Гвинеја

v  Зимбабве

v  Сенегал

v  Гвинеја

Група Ц

Африкански куп на нации 2021 - група Ц
Поз.ЕкипаОНПНИДГПГГРБод
1.  Мароко321052+37
2.  Габон312043+15
3.  Комори310235-23
4.  Гана301235-21
v  Гана

v  Габон

v  Комори

v  Гана

v  Мароко

v  Комори

Група Д

Африкански куп на нации 2021 - група Д
Поз.ЕкипаОНПНИДГПГГРБод
1.  Нигерија330061+59
2.  Египет320121+16
3.  Судан301214-31
4.  Гвинеја-Бисао301203-31
v  Египет

v  Гвинеја-Бисао

v  Судан

v  Египет

v  Нигерија

v  Судан

Група Е

Африкански куп на нации 2021 - група Е
Поз.ЕкипаОНПНИДГПГГРБод
1.  Брег на Слоновата Коска321063+37
2.  Екваторска Гвинеја320121+16
3.  Сиера Леоне302123-12
4.  Алжир301214-31
v  Сиера Леоне

v  Брег на Слоновата Коска

v  Сиера Леоне

v  Екваторска Гвинеја

v  Алжир

v  Екваторска Гвинеја

Група Ф

Африкански куп на нации 2021 - група Ф
Поз.ЕкипаОНПНИДГПГГРБод
1.  Мали321041+37
2.  Гамбија321031+27
3.  Тунис310242-23
4.  Мавританија300307-70
v  Мали

v  Гамбија

v  Мали

v  Мавританија

v  Тунис

v  Мавританија

Поредок на третопласираните екипи во групите

Африкански куп на нации 2021 - Поредок на третопласираните екипи
Поз.ЕкипаОНПНИДГПГГРБод
1.  Зелен ’Рт31112204
2.  Малави31112204
3.  Тунис310242-23
4.  Комори310235-23
5.  Сиера Леоне302123-12
6.  Судан301214-31

Нокаут фаза

Резултати

 
ОсминафиналеЧетвртфиналеПолуфиналеФинале
 
              
 
23 јануари – Лимбе
 
 
 Буркина Фасо (п)1 (7)
 
29 јануари – Гаруа
 
 Габон1 (6)
 
 Буркина Фасо1
 
23 јануари – Гаруа
 
 Тунис0
 
 Нигерија0
 
2 февруари – Дуала
 
 Тунис1
 
 Буркина Фасо1
 
25 јануари – Бафусам
 
 Сенегал3
 
 Сенегал2
 
30 јануари – Дуала
 
 Зелен ’Рт0
 
 Сенегал3
 
26 јануари – Лимбе
 
 Екваторска Гвинеја1
 
 Мали0 (5)
 
6 февруари – Јаунде (Олембе)
 
 Екваторска Гвинеја (п)0 (6)
 
 Сенегал0 (4)
 
24 јануари – Бафусам
 
 Египет0 (2)
 
 Гвинеја0
 
29 јануари – Дуала
 
 Гамбија1
 
 Гамбија0
 
24 јануари – Јаунде (Олембе)
 
 Камерун2
 
 Камерун2
 
3 февруари – Јаунде (Олембе)
 
 Комори1
 
 Камерун0 (1)
 
26 јануари – Дуала
 
 Египет (п)0 (3)Натпревар за 3. место
 
 Брег на Слоновата Коска0 (4)
 
30 јануари – Јаунде (Олембе)6 февруари – Јаунде (Ахиџо)
 
 Египет (п)0 (5)
 
 Египет (прод.)2  Буркина Фасо3 (3)
 
25 јануари – Јаунде (Ахиџо)
 
 Мароко1  Камерун (п)3 (5)
 
 Мароко2
 
 
 Малави1
 

Осминафинале

v  Габон

v  Тунис

v  Гамбија

v  Комори

v  Зелен ’Рт

v  Малави

v  Египет

v  Екваторска Гвинеја

Четвртфинале

v  Камерун

v  Тунис

v  Мароко

v  Екваторска Гвинеја

Полуфинале

v  Сенегал

v  Египет

Натпревар за трето место

v  Камерун

Финале

v  Египет

Победник

Победник на Африканскиот куп на нации 2021

Сенегал
1. титула

Конечен пласман на првенството

#Репрезентација
1  Сенегал
2  Египет
3  Камерун
4  Буркина Фасо
5  Мароко
6  Гамбија
7  Екваторска Гвинеја
8  Тунис
9  Нигерија
10  Брег на Слоновата Коска
11  Мали
12  Габон
13  Малави
14  Гвинеја
15  Зелен ’Рт
16  Комори
17  Зимбабве
18  Сиера Леоне
19  Гана
20  Судан
21  Алжир
22  Гвинеја-Бисао
23  Етиопија
24  Мавританија

Напомени

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица