Линген (Емс)

Линген (службено наречен: Линген (Емс); германски: Lingen или Lingen (Ems)) — град во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Емс, непосредно на самата граница со Холандија.

Линген (Емс)

Lingen (Ems)

Старото Градско собрание
Старото Градско собрание
Старото Градско собрание
Грб на Линген (Емс)
Линген (Емс) во рамките на Германија
Линген (Емс)
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкругЕмсланд
ГрадоначалникДитер Кроне (независен)
Основни податоци
Површина176,15 км2
Надм. височина24 м
Население55.232 (31 декември 2020)[1]
 - Густина314 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.EL
Пошт. бр.49808, 49809, 49811
Повик. бр.0591, 05906, 05907, 05963
Порталlingen.de
Местоположба на градот Линген (Емс) во рамките на округот Емсланд
Карта
Карта
Координати52°31′23″N 7°19′23″E / 52.52306° СГШ; 7.32306° ИГД / 52.52306; 7.32306

Географија

Местоположба

Линген се наоѓа во јужниот дел на округот Емсланд. На источниот брег на Емс се наоѓа Лингенер Хее.

Градски единици

Градот Линген (Емс) се состои од историското градско јадро, Стариот град и градските единици Ројшберге, Штрот, Дамашке, Хојкампс-Танен - Телгенкамп, како и десет места кои некогаш биле самостојни општини: Алтенлинген, Бакум, Брамше, Брокхаузен, Брегберн, Клузорт-Брамхар, Дарме, Холтхаузен, Лакстен и Шепсдорф.

  1. Алтенлинген со Вахендорф
  2. Бакум
  3. Брамше
  4. Брокхаузен
  5. Брегберн
  6. Клузорт-Брамхар
  7. Дарме
  8. Холтхаузен-Бине
  9. Лакстен
  10. Шепсдорф

Соседни општини

Линген се граничи на север со Гесте и Бавинкел, на исток со Ланген, Туине и Месинген, на југ со Лине и Емсбирен, како и на запад со Витмаршен.

Клима

Климата во Линген има годишна просечна температура од 9,3 °C и просечни врнежи од 789 милиметри.

Во градот била измерена рекордна највисока температура во рамки на Германија со дневна температура од 42,6 степени целзиусови во текот на топлотниот бран во јули 2019 година.

Клима на Линген (Емс)
ПоказателЈанФевМарАпрМајЈунЈулАвгСепОктНоеДекГодишно
Просечна максимална (°C)458131721222219148513,2
Просечна минимална (°C)−1−1148111312107315,7
Просечно кол. врнежи (мм)675150546169918664596874794
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм)191715151315181716181919201
Влага (%)87857974717377808084868980,4
Сончеви часови (дневно)1,42,33,35,06,36,26,06,04,33,31,81,23,9
Извор: wetterkontor.de

Политика

Градски совет

Градскиот совет се состои од 42 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 50.001 и 75.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[3]

Градски директори

За време на периодот на двојно административно управување (1945–2000), градот ги имал следниве градски директори:

  • 1945–1946: Клеменс Бракман
  • 1946–1954: Алфонс Мајнка
  • 1954–1967: Хајнрих Пелц
  • 1967–2000: Карл-Хајнц Феринг

Градоначалник

Градоначалници на Линген биле:

  • 1933–1941: Ерих Плесе (NSDAP)
  • 1946–1951: Јулиус Ландцетел
  • 1951–1968: Роберт Коп (CDU)
  • 1968–1988: Ханс Клукерт (CDU)
  • 1988–1995: Бернхард Нојхаус (CDU)
  • 1995–2000: Урзула Рамелов (CDU)
  • 2000–2010: Хајнер Пот (CDU)
  • од 2010: Дитер Кроне (незавинсе)

Збратимени градови

Линген (Емс) е збратимен со следниве градови:[4]

Познати луѓе

  • Еберхард фон Данкелман (1643–1722) — премиер на Бранденбург-Прусија од 1692 до 1697
  • Теодорус Јакобус Фрелингхујзен (околу 1691 – околу 1747) — германско-американски холандски свештеник и теолог
  • Конрад Бекхаус (1821–1890) — свештеник и ботаничар
  • Јозеф Роземајер (1872–1919) — велосипедист
  • Хермс Нил (1888–1954) — композитор
  • Бернд Роземајер (1909–1938) — возач на спортски автомобили
  • Хари Крамер (1925–1997) — вајар, кореограф, танчер
  • Беатрикс Борхард (р. 1950) — музиколог и автор
  • Петер ван Роје (р. 1950) — веслач
  • Рајнхолд Хилберс (р. 1964) — политичар
  • Јенз Гизеке (р. 1971) — политичар
  • Кристијан Дростен (р. 1972) — виролог

Галерија

Наводи

Надворешни врски