Литиум хидроксид

хемиско соединение

Литиум хидроксиднеорганско соединение со формула LiOH. Може да постои во безводен или хидриран облик, и обете се бели хигроскопни цврсти супстанции. Растворливи се во вода и мошне лесно растворливи во етанол. Иако се смета за силна база, литиум хидроксидот е најслабиот алклалнометален хидроксид познат за науката.

Литиум хидроксид
Lithium hydroxide

     Li+
          O2−          H+
Lithium-hydroxide.jpg
Назнаки
1310-65-2 Ок
1310-66-3 (монохидратен) Ок
ChEBICHEBI:33979 Ок
ChemSpider3802 Ок
Гмелин
68415
3Д-модел (Jmol)Слика
PubChem3939
RTECS-бр.OJ6307070
UNII903YL31JAS Ок
G51XLP968G (монохидратен) Ок
ОН-бр.2680
Својства
Хемиска формула
Моларна маса0 g mol−1
Изгледхигроскопна бела цврста материја
Мириснема
Густина
  • 1,46 г/см3 (безводен)
  • 1,51 г/см3 (монохидратен)
Точка на топење
Точка на вриење
  • безводен:
  • 12,7 г/(100 мл) (0 °C)
  • 12,8 г/(100 мл) (20 °C)
  • 17,5 г/(100 мл) (100 °C)

  • монохидратен:
  • 22,3 г/(100 мл) (10 °C)
  • 26,8 г/(100 мл) (80 °C)[1]
Растворливост во метанол
  • 9г76 г/(100 г) (безводен; 20 °C, 48 часа мешање)
  • 13,69 г/(100 г) (монохидратен; 20 °C, 48 часа мешање)[2]
Растворливост во етанол
  • 2,36 г/(100 г) (безводен; 20 °C, 48 часа мешање)
  • 2,18 г/(100 г) (монохидратен; 20 °C, 48 часа мешање)[2]
Растворливост во изопропанол
  • 0 г/(100 г) (безводен; 20 °C, 48 часа мешање)
  • 0,11 г/(100 г) (монохидратен; 20 °C, 48 часа мешање)[2]
Киселост (pKa)14,4[3]
Конјуг. базалитиуммонокисден анјон
Магнетна чувствителност (χ)
−12,3·10−6 см3/мол
Показател на прекршување (nD)
  • 1,464 (безводен)
  • 1,460 (монохидратен)
Диполен момент4,754 D[4]
Термохемија
Стандардна моларна
ентропија So298
42,8 J/(mol·K)
Специфичен топлински капацитет, C49,6 J/(mol·K)
Опасност
Безбедност при работа:
Главни опасности
разјадлив
NFPA 704
Температура на запалување{{{value}}}
Смртоносна доза или концентрација:
LD50 (средна доза)
210 мг/кг (усно, стаорец)[5]
Безбедносен лист„ICSC 0913“.
„ICSC 0914“. (монохидратен)
Слични супстанци
Други анјонилитиум амид
Други катјони
Дополнителни податоци
 Ок(што е ова?)  (провери)
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Добивање

Вообичаената суровина за добиање на литиум хидроксид е минералот сподумен, чија литиумска содржина се изразува во постоток на литиум оксид.

Со литиум карбонат

Во индустријата, литиум хидроксидот често се добива од литиум карбонат во реакција на размена (метатеза) со калциум хидроксид:[6]

Li
2
CO
3
+ Ca(OH)
2
→ 2 LiOH + CaCO
3

Првично добиениот хидрат се дехидрира со загревање во вакуум на 180 °C.

Со литиум сулфат

Друг начин на добивање е со посредство на литиум сулфат:[7][8]

α-сподумен → β-сподумен
β-сподумен + CaO → Li
2
O + ...
Li
2
O + H
2
SO
4
→ Li
2
SO
4
+ H
2
O
Li
2
SO
4
+ 2 NaOH → Na
2
SO
4
+ 2 LiOH

Главни нуспроизводи се гипс и натриум сулфат, кои имаат ивесна пазарна вредност.

Commercial setting

Според „Блумберг“, „Ганфенг Литиум“ (GFL).[9] GFL[10] и „Албемарл“ биле најголемите производители на литиум хидроксид во 2020 г. со околу 25 килотони годишно проследени од „Ливент“ (FMC) и SQM.[9] Капацитетите во поново време се зголемуваат поради сè поголемата употреба на електрични возила.

Погонот на „Албермарл“ во Кемертон, Западна Австралија бил првично предвиден да произведува 100 килотони годишно, но потоа е намален на 50 килотони.[11]

Во 2020 г. погоните на „Тјенќи Литиум“ во Квинана, Западна Австралија биле најголем производител, со капациет од 48 килотони годишно.[12]

Примена

Литиумскојонски акумулатори

Литиум хидроксидот највеќе се троши во производството на катодни материјали за литиумскојонски акумулатори како литиум кобалт оксидот (LiCoO
2
) и литиум железо фосфатот. Се претпочита наместо литиум карбонат како претходник за литиумско-никелско-манганско-кобалтни оксиди.[13]

Мазиво

Популарен згуснувач на литиумска маст е литиум 12-хидроксистеаратот, од кој се добиваат општонаменски мазива поради неговата голема водоотпорност и корисност на најразлични температури.

Испирање на јаглерод диоксид

Литиум хидроксидот се користи во прочиститувачите на дишен гас за вселенски летала, подморници и кружечки нуркачки дишалки со цел остранување на јаглерод диоксидот од издишаниот гас произведувајќи литиум карбонат и вода:[14]

2 LiOH · H2O + CO
2
→ Li
2
CO
3
+ 2 H
2
O

или

2 LiOH + CO
2
→ Li
2
CO
3
+ H
2
O

Второспоменатиот, безводен хидроксид, се претпочита заради помалата маса и помалото производство на вода во дишните системи на вселенските летала. Еден грам безводен литиум хидроксид отстранува 450 см3 јаглерод диоксид во гасен облик. Монохидратот ја ослободува неговата вода на 100–110 °C.

Претходник

Литиум хидроксидот, заедно со литиум карбонатот, се клучни меѓупроизводи во добивањето на други литиумски соединенија, како што може да се види од неговата примена во добивањето на литиум флуорид:[6]

LiOH + HF → LiF + H
2
O

Други примени

Супстанцијата се користи и во изработкат ана керамика и некои видови портландски цемент каде се користи како сузбивач на алкално-силициумдиоксидната реакција (бетонски рак).[15]

Литиум хидроксидот (изотопно збогатен во литиум-7) се користи за алкализација на реакторските разладувачи во водопритисочни реактори со цел да се спречи корозија.[16]Исто така е обар штитник од зрачење од слободни неутрони.

Наводи

Надворешни врски