Лоара (департман)

департман во Франција

Лоара (француски: Loire; франкопровансалски: Lêre; окситански: Léger или Leir) — департман без излез на море во регионот Оверњ-Рона-Алпи во Франција што се наоѓа во горниот тек на реката Лоара. Негова префектура е Сент-Етјен. Во 2019 година имал 765.634 жители.[2]

Лоара
Loire

Lêre  (јазик?)
Léger  (окситански)
Француски департман
red roofed buildings, surrounded by trees, on a cloudy day
Монбризон во 2007
yellow fish on a red fieldyellow fish on a red field
Местоположба на Лоара во Франција
Местоположба на Лоара во Франција
ДржаваФранција
РегионОверњ-Рона-Алпи
ПрефектураСент-Етјен
ПотпрефектуриМонбризон
Роан
Управа
 • Претседател на Департманскиот советЖорж Зиглер[1] (Републиканци)
Површина1
 • Вкупна4.781 км2 (1,846 ми2)
Население (2019)
 • Вкупно765.634
 • Ранг30-ти
 • Густина160/км2 (410/ми2)
Час. појасСЕВ (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)СЕЛВ (UTC)
Број на департманот42
Арондисмани3
Кантони21
Општини323
^1 Француски земјиштен регистер, кој ги исклучува естуарите, езерата, водени површини и ледници поголеми од 1 км2.

Историја

Департманот Лоара е основан во 1793 година кога департманот Рона и Лоара бил поделен на два, околу три години откако бил основан во 1790 година. Ова било одговор на контрареволуционерните активности во Лион, кој, по население, бил втор по големина град во земјата. Со поделбата на Рона и Лоара, владата се обидела да ја заштити Француската револуција од потенцијалната моќ и влијание на контрареволуционерната активност во подрачјето на Лион.

Департманот Лоара приближно одговара на поранешната покраина Форез.

Од основањето следниве места биле префектури на департманот:

Географија

Лоара е дел од сегашниот административен регион Оверњ-Рона-Алпи и е опкружен со департманите Рона, Изер, Ардеш, Горна Лоара, Пиј-де-Дом, Алие и Сона и Лоара.

Реката Лоара го минува департманот од југ кон север.

Департманот Лоара е поделен на три арондисмани:

  • Арондисман Монбризон
  • Арондисман Роан
  • Арондисман Сент-Етјен

Делови од департманот припаѓаат на природниот регионален парк Ливрадоа-Форез.

Демографија

Во Сент-Етјен, со неговата агломерација живее околу половина од жителите на департманот.[3]

Развој на населението од 1801 година:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1801290,903—    
1806317,053+9.0%
1821343,454+8.3%
1831391,216+13.9%
1841434,085+11.0%
1851472,588+8.9%
1861517,603+9.5%
1872550,611+6.4%
1881599,836+8.9%
1891616,227+2.7%
1901647,633+5.1%
1911640,549−1.1%
1921637,13−0.5%
1931664,822+4.3%
1936650,226−2.2%
1946631,591−2.9%
1954654,482+3.6%
1962696,348+6.4%
1968722,443+3.7%
1975742,396+2.8%
1982739,521−0.4%
1990746,288+0.9%
1999728,524−2.4%
2006741,269+1.7%
2011749,053+1.1%
2016761,997+1.7%

Поголеми градови

Најнаселена општина е Сент-Етјен, префектурата на департманот. Во 2019 година, имало 6 општини со повеќе од 15.000 жители: [2]

ОпштинаНаселение (2019)
Сен-Етјен173.821
Сен Шамонд34.841
Роан33.809
Фирмини16.901
Монтбризон15.915
Сен-Жист-Сен-Рамбер15.229

Политика

Претседател на Департманскиот совет е Жорж Зиглер, избран во октомври 2017 година.

Тековни претставници во Националното собрание

Изборна единицаЧлен[4]Партија
Прва изборна единица на ЛоараРежис ЖуаникоСоцијалистичка партија
Втора изборна единица на ЛоараЖан-Мишел МиРепубликата напред!
Трета изборна единица на ЛоараВалерија Фор-МинтијанРепубликата напред!
Четврата изборна единица на ЛоараДино СиниериРепубликанци
Петта изборна единица на ЛоараНатали СарлМодем
Шеста изборна единица на ЛоараЖилиен БоровчикРепубликата напред!

Туризам

Поврзано

  • Оверњ-Рона-Алпи
  • Кантони во департманот Лоара
  • Општини во департманот Лоара
  • Арондисмани во департманот Лоара

Наводи

Надворешни врски