Малибуански јазици

(Пренасочено од Малибуски јазици)

Малибуанските јазици се слабо познати мртви јазици кои се говореле во Колумбија. Низ записите се зачувани само материјали за два јазика, малибануски и моканаски јазик.

малибуански
Географска
распространетост:
Магдалена, Колумбија
Класификација:некласификувани
Гранки:
малибу
мокана

Изворна распределба на малибуанските јазици

Класификација

Малибануските јазици претходно биле групирани во едно јазично семејство со чимиласкиот јазик[1]. Како и да е, чимиласкиот е денес во групата на чибчански јазици[2].

Поделба

Според Ривет, ова јазично семејство било составено од три племиња со свои јазициe[3]:

  • Малибу кој се говорел во Тенерифе
  • Мокана кој се говорел во Картагена, Колумбија
  • Пакабвеј, познати како Сомпалон или Лагуна Малибу

На оваа листа Лукотка додал уште шест јазици[1]:

  • Папале, се говорел во близина на реката Фундасион
  • Коаноа или Гваноа, се говорел во близина на реката Цезар
  • Замируа, кој се говорел во близина на реката Аригвани
  • Коспике
  • Момпош, се говорел во близина на градот Санта Крус де Момпош
  • Каламари

Зборови

Ривет дава мал список на зборови од малибуански и моканаски јазик, но не ги разликува овие јазици како посебни[3]. A selection of these is provided below:

  • tahana - манцинелово дрво
  • malibu - поглавица
  • man - мал чамец
  • ytaylaco/yteylaco/yntelas/ytaylas - ѓавол, божество
  • entaha/enbutac - маниока

Наводи