Мехмед Мехмеди

политичар

Мехмед Мехмеди (роден во 1911 година во село Зајас, Кичевско - починал во 1945 година во село Букојчани, Кичевско) — македонски партизан, делегат на Второто заседание на АСНОМ од албанско потекло.[1]

Мехмед Мехмеди
Роден1911
Зајас, Кичевско, Отоманско Царство
Починал1945
Букојчани, Кичевско, Македонија
НационалностАлбанец
Занимањепартизан

Животопис

Мехмеди бил учесник во НОБ (од летото 1943) и ранет во Мавровско како борец на Групата баталјони на НОВ и ПОМ. По оздравувањето станал борец на Седмата македонска шиптарска НО бригада. Бил убиен во балистичка заседа на враќање од Второто заседание на АСНОМ, заедно со делегатот на АСНОМ, Реџо Рушит Лимани (Зајази).

Наводи