Милано-Санремо 2013

велосипедска трка во Италија

Милано-Санремо 2013 било 104. издание на еднодневната велосипедска трка Милано-Санремо. Се одржала на 17 март на скратено растојание од 246 километри[1] и била четврта трка во сезоната на Светската турнеја. За првпат по 31 година[2], Милано-Санремо се одржала во недела, откако организаторите на трката побарале да се промени датумот поради усогласување со неколку од другите класични трки.[3]

Милано-Санремо 2013
Светска турнеја на UCI 2013, трка 4 од 28
Групата во Савона
Детали за трката
Date17 март 2013
Растојание246 км
Време5ч 37' 20" (27.187 км/ч)
Добитници на наградите
Победник Гералд Чолек (ГЕР)(МТН Кубека)
Втор Петер Саган (СВК)(Канондејл)
Трет Фабијан Канчелара (ШВА)(РадиоШек-Леопард)
2012
2014

Големите врнежи од снег и лошото време ги приморало организаторите да ја скратат трката од 298 на 246 километри, скратувајќи ги клучните искачувања - Пасо дел Туркино и Ле Мани - и обезбедувајќи автобуски превоз за трката да започне по вторпат.[4] Неколку возачи одбиле повторно да започнат, вклучувајќи го возачот на Омега Парма-Квик Степ Том Бонен, кој протестирал против одлуката сите возачи да ѝ се приклучат на главната група, иако неколку возачи загубиле време пред трката да биде неутрализирана.

Откако возачите на Омега Парма-Квик Степ Силвен Шаванел и на Тим Скај Ијан Станард ја предводеле намалената главна група преку врвот на последното искачување, Поџо ди Санремо, група од шестмина се одвоила на спустот по Поџо, вклучувајќи ги фаворитите пред трката Петер Саган (Канондејл) и победникот од 2008 Фабијан Канчелара од РадиоШек-Леопард. Секстетот останал заедно со целта, каде Гералд Чолек победил во спринтот за МТН Кубека, пред Саган и Канчелара.[5][6]

Екипи

Бидејќи Милано-Санремо е настан од Светската турнеја на UCI, сите UCI World Tour екипи биле поканети автоматски и се обврзани да испратат свој состав. Првично, осумнаесет UCI World Tour екипи биле поканети на трката, како и седум други екипи кои добиле специјални покани,[7] и со тоа било создадена главната група од 25 екипи. Првично најавено како екипа со специјална покана, Катјуша подоцна го повратила својот World Tour статус по жалбата во Арбитражниот суд за спорт.[8][9] Секоја од 25. екипи имала осум возачи на трката, што правело главната група на почетокот да има 200 возачи.

Екипи кои настапиле на трката биле:[10]

Резултати

ВелосипедистЕкипаВреме
1  Гералд Чолек (ГЕР)МТН Кубека5ч 37' 20"
2  Петер Саган (СВК)Канондејли.в.
3  Фабијан Канчелара (ШВА)РадиоШек-Леопарди.в.
4  Силвен Шаванел (ФРА)Омега Парма-Квик Степи.в.
5  Лука Паолини (ИТА)Катјушаи.в.
6  Ијан Станард (ВБР)Тим Скаји.в.
7  Тејлор Фини (САД)Аксент Џобс-Вантии.в.
8  Александер Кристоф (НОР)Катјуша+ 14"
9  Марк Кевендиш (ВБР)Омега Парма-Квик Степ+ 14"
10  Бернхард Ајзел (АВТ)Тим Скај+ 14"

Наводи

Надворешни врски