Милан Обреновиќ II

Милан Обреновиќ II [белешка 1] (српски: Милан Обреновић, 21 октомври 1819 - 8 јули 1839) бил кнез на Србија и прв престолонаследник на династијата Обреновиќ [1].

Милан Обреновиќ II
кнез на Србија
Портретот
На престол13 јуни - 8 јули 1839 год.
ПретходникМилош Обреновиќ I
Полно име
Милан Обреновиќ
ДинастијаОбреновиќ
ТаткоМилош Обреновиќ I
МајкаЉубица Обреновиќ

Животопис

Милан бил најстариот син на Милош Обреновиќ I и кнегињата Љубица, брат на кнезот Михаило. Иако целиот свој живот бил болежлив и немал систематско образование, делумно успеал да изгради политички погледи и разбирања, меѓутоа неговата болест со текот на времето го спречила неговиот развој и дејност. На престолот дошол по абдикацијата на својот татко Милош и владеел до 8 јули 1839 година, кога починал. Поради болеста како и спротиствувањето на Советот, немал можност како кнез да потпише ниеден акт. Во историјата на современа Србија е запаметен како владетел со најкраток владетелски период (25 дена). Доњи Милановац е именуван според него.

Извори

Белешки