Младен Никодиноски

Младен Тасев Никодиноски ( 1911во Патеец, Кичевско16 ноември 1944во Зајас, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Младен Никодиноски
Роден1911 година
Патеец, Кичевско, Македонија под Османлиско Царство
Починал16 ноември, 1944 година
Зајас, Кичевско, Македонија
НационалностМакедонец

Животопис

Иако е роден во селото Патеец, тој живеел во селото Лазаровци. По занимање бил трговец. По окупацијата на Македонија, бил на страната на Дража Михајловиќ, но по извршените преговори, во август 1944 година, се приклучил во редовите на НОВ во Петнаесеттата македонска бригада како командир на чета. Се истакнал како храбар борец. Загинал при конечното ослободување на Кичево на 16 ноември 1944 година во борбите над селото Зајас.[1]

Поврзано

Наводи