Монада (филозофија)

Монада (од грч. μονάς, монас = „единица“),[2], според Питагорејците, е поим за Бог или првичното исконско битие, или пак севкупноста на сите битија. Тука се мисли на изворот на нештата (прапочетокот) или Едното, кое е нешто неделиво.

Приказ на питагорејската монада[1]

Според Питагорејците, создавањето на бројни низи е поврзано со геометриските објекти (фигури, тела) и космогонијата.[3] Според Диоген Лаертиј, од монадата произлегла дијадата; од неа, броеви; од броевите, точки; потоа линии, дводимензионални ентитети, тридимензионални ентитети, тела, кулминирајќи со четирите елементи земја, вода, оган и воздух, кои пак се ‘граѓата’ од кои е направен сиот свет.[4][5]

Историја

Според Иполит Римски, ова гледиште е инспирирано од Питагорејците, кои првото нешто што постоело го нарекувале монада, од се изродила дијадата, од која произлегле броевите, од кои произлегла точката, од која произлегла линијата или конечноста итн.[6] Питагорејските и платонистичките филозофи како Плотин и Порфириј го осудувале Гностицизмот (погледајте Неоплатонизмот и Гностицизмот) за нивниот приод кон монадата или едното.

Понова филозофија

Во подоцнежните периоди, поимот „монада“ го презеле и мислители како Џордано Бруно, Лајбниц (Монадологија) и други.

Поврзано

  • Кружница со точка во средината
  • Дијада
  • Левкип
  • Модална логика
  • Монада
  • Монизам
  • Сончев симбол
  • Тао
  • Тријада
  • Тетрада
  • Пентада
  • Декада

Наводи

Извори

  • Hemenway, Priya. Divine Proportion: Phi In Art, Nature, and Science. Sterling Publishing Company Inc., 2005, стр. 56. ISBN 1-4027-3522-7
  • Sandywell, Barry. Presocratic Reflexivity: The Construction of Philosophical Discourse C. 600-450 BC. Routledge, 1996.