НОПО „Малесија“
Народноослободителниот партизански одред „Малесија“ била партизанска единица на НОВ и ПОМ. Формирана од 76 новопристигнати борци од Малесија, Дримкол и други струшки села, кон средината на август и октормви 1943 година. Неговата цел била да го штити населението од балистичките сили и качачките банди, да врши агитација и мобилизација со митинзи по селата. Водел борби кај с. Селци (кон крајот на август), во Дебарска Малесија, Жупа, Дримкол, кај с. Нерези, учествувал во ослободувањето на Дебар, ја спровел Англиската воена мисија до ГШ на НОВ и ПОМ од с. Горна Белица до с. Црвена Вода. Нараснал на околу 120 борци (септември), прераснал во батаљон (октомври), а потоа влегол во составот на Групата батаљони (ноември).[1]
Литература
- Д-р Миле Тодоровски, Партизанските одреди и НО војска на Македонија во ослободителната војна и револуцијата 1941-1944, Скопје, 1972
- Панде Војданоски, Малесија пред три децении, „Нова Македонија“, бр. 9562, Скопје, 1973
- Д-р Владо Ивановски, Ослободителната војна во Западна Македонија, 1941-1944, Скопје, 1973
- Д-р Велимир Брезовски, Ослободителната војна во Македонија 1943, Скопје, 1975
- Илија Каланоски, Теророт на окупаторот во Струга и Струшко во Ослободителната војна и револуцијата, „Историја“, бр. 1, Скопје, 1978
Наводи
🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајГоце ДелчевМакедонски парламентарни избори (2024)Свети Кирил и МетодијМакедонијаГордана Сиљановска-ДавковаКарлес ПуџдемонНова КаледонијаОче нашМарко ЦепенковПретседател на МакедонијаПреспански договорСкопјеСредоземно МореСловачкаВтора светска војнаПечалбариМакедонски претседателски избори (2024)Македонска револуционерна организацијаСписок на македонски народни поговоркиБојана АтанасовскаМочуриштеХристијан МицкоскиКорупцијаГригор ПрличевМакедонски парламентарни избори (2020)Чорбаџи ТеодосИталијаКочо РацинПеколот (Божествена комедија)Лудвиг ван БетовенСпецијална:СкорешниПромениИлинденско востаниеПанонски легендиДржавни празници во МакедонијаТурцијаКалеш АнѓаПоштенски броеви во Македонија