Надав

Надав или Нават (хебрејски: נָדָב Nāḏāḇ) — вториот цар на Северното Израилско Царство. Бил син и наследник на царот Јеровоам.

Надав
Царот Надав на дрворез од 1553 г.
Цар на Северен Израил
На престол910 - 909 п.н.е.
ПретходникЈеровоам (татко)
НаследникБаша

Владеење

Станал цар на Израил во втората година од владеењето на царот Аса и самиот владеел две години.[1][2] Според американскиот библист Вилијам Олбрајт, периодот на владеење на Надав може да се уточни на 901 - 900 г. п.н.е., а адвентистот E. Р. Тиел го дава периодот од 910 до 909 г. п.н.е..[3]

Во втората година на неговото владеење, додека го опсадувал филистејскиот град Гибетон во јужен Дан, во неговата војска почнало да се заговара. Бил убиен од неговиот воен старешина, Баша, кој потоа се прогласил за цар на Израил.[2]

По убиството на Надав, Баша ги убил сите останати членови на кралското семејство (3 Цар 14,2, 3 Цар 15,25-29). Ова се случило во скалд со пророштвото на Ахија Силомецот со кое се претскажува збришувањето на сиот Јеровоамов дом.[2]

Наводи

Надав
Ефраимово колено
Едновремен цар на Јудеја:
Аса
Владејачки титули
Претходник
Јеровоам I
Цар на Израил
910 BC – 909 BC
Наследник
Баша

Оваа статија содржи текст Истонов библиски речник, издаден во 1897 г. Ова дело е во јавна сопственост.