На кинисуење

„На кинисуење“ — песна на македонскиот поет Коле Неделковски, дел од неговата збирка „Молскавици“, објавена во 1940 година во Софија.

Анализа на песната

Во песната е прикажана тагата на мајката која плаче по синот, а тој ја теши со зборовите: „Позапри, мајко, затрај се / доста ме, леле, испраќа, / доста си солзи излеа / по тија пусти патишта.“ Притоа, песната е исполнета со романтични реквизити: од липањето и „тажните гласови“ на мајката водата зстанала, карпите писнале, а „гора лисја пророни“, елементи кои се типични за народната поезија.[1]

Наводи