Никола Јосифоски

Никола Кипров Јосифоски (1911 во Црвена Вода, Охридско — есента 1943) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис

Никола Кипров Јосифоски е роден во селото Црвена Вода. Се занимавал со земјоделие. Активен соработник во НОБ од 1942 година, а во 1943 година стапува во реонската чета во Црвена Вода. Умира есента 1943 година.[1]

Наводи