Нојверк


Нојверк (герм. Neuwerk) — остров во Ваденското Море на германскиот северен брег и истоимен кварт на градот Хамбург, Германија, во округот Хамбург-Мите. Се наоѓа северозападно од Куксхафен, помеѓу делтите на Везер и Елба, оддалеченоста од центарот на Хамбург е 120 километри. Зафаќа површина од 3 км2 и има 39 жители.

Нојверк
Нојверк
Географија
МестоСеверно Море, Устие на Елба
Површина3 км2
Управување
Германија
ПокраинаХамбург
ОкругХамбург-Мите
Демографија
Население39 ((2007-12-31))
Густина13 /km2 (34 /sq mi)

Во текот на ниска плима на островото може да се стигне пешки или со коњ од Куксхафен, во други времиња со брод.

Помалите острови Шархерн и Нигехерн близу Нојверк се резервати за птици, затворени за јавноста. Сите три острови и Ваденското Море околу нив, го создаваат Национален парк Ваденско Море (Хамбург).

Историја

Светилник во Нојверк од 1369 година
Во оваа воздушна слика на Национален парк Ваденско Море (Хамбург), островот Нојверк е само малку над средината. Подолу, се наоѓаат Шархерн и Нигехерн.

Најстариот постоечки документ, во кој е спомнат Нојверк е фризиски договор од 1316, каде неговото старо име Nige O е користено.

Откако, реката Елба била витална за членот на Ханзата — Хамбург, во 1299 35-метри висока кула била изградена како светилник и заштита против пиратите. Светилникот постои и денес, бил изграден помеѓу 1367 и 1369 по пожарот, кој го уништил минатиот. Таа е најстарата постоечка зграда во Хамбург, како и дел од последното утврдување на Хамбург.

Поради Законот за поголем Хамбург, Нојверк станал дел од Прусија во 1937 и така по Втората светска војна бил даден на новата покраина Долна Саксонија. Во 1969, Хамбург г поништил постарите права на пристаништен имот во Куксхафен во корист на Нојверк и Шархерн.[1]

Во раниот 20 век, туризмот станал важен за Нојверк.

Демографија

На 31 декември 2007, квартот Нојверк имал 39 жители, 26 жени и 13 мажи. 11 жители биле странци.[2]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

53°55′N 8°30′E / 53.917° СГШ; 8.500° ИГД / 53.917; 8.500