ОУ „Ѓон Бузуку“ - Србиново

основно училиште во Македонија
(Пренасочено од ОУ "Ѓон Бузуку" - Србиново)

Основно училиште „Ѓон Бузуку“ (службено: Основно општинско училиште „Ѓон Бузуку“ - Србиново; скратено: ООУ „Ѓон Бузуку“) — централно основно училиште во гостиварското село Србиново.[1][2]

Ѓон Бузуку

Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Место
Општина:Општина Гостивар
Наречено по:Ѓон Бузуку
Нас. место:Србиново
Адреса:с. Србиново
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано:1965; пред 59 години (1965)
Директор:Агим Мислими
Број на ученици:99 (2019/2020)
Настава на:албански
Контактни информации
Е-поштаgjon_buzuku96@hotmail.com
Телефон042/351-003
Факс042/351-003

Училиштето е именувано по албанскиот католички свештеник Ѓон Бузуку.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во самиот средишен дел на училиштето.

Историја

Училиштето било основано на 28 декември 1965 година со одлука на Општина Гостивар.[3]

Настава

Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик.

Објект

Училишната зграда е обновена од страна на SOLIDARITES (Франција), како подарок на луѓето на Европа во рамките на прoграмата ECHO.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:

  • ПУ „Ѓон Бузуку“ - Граванец, подрачно училиште;
  • ПУ „Ѓон Бузуку“ - Падалиште, подрачно училиште;
  • ПУ „Ѓон Бузуку“ - Рафше Мало, подрачно училиште;
  • ПУ „Ѓон Бузуку“ - Страјане, подрачно училиште; и
  • ПУ „Ѓон Бузуку“ - Трново, подрачно училиште.

Галерија

Наводи

41°42′22″N 20°57′34″E / 41.70611° СГШ; 20.95944° ИГД / 41.70611; 20.95944