ОУ „Гоце Делчев“ - Неготино

основно училиште во градот Неготино

Основно училиште „Гоце Делчев“ — едно од двете основни училишта во градот Неготино, во истоимената општина, Македонија. Училиштето се наоѓа на булеварот „Маршал Тито“.

ООУ „Гоце Делчев“ - Неготино

Место
Општина:Неготино
Нас. место:Неготино
Адреса:бул. Маршал Тито 117, 1440 Неготино
Местоположба

Карта

Основни информации
Директор:Петар Мантев
Настава на:македонски
Контактни информации
Мреж. местоgdnegotino.weebly.com

Училиштето својот патронен празник секоја година го прославува на 4 мај.

Историја

Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ од Неготино започнало со работа во 1972 година во месец ноември.

Подрачни училишта

Во рамките на општинското основно училиште „Гоце Делчев“ се наоѓаат и четири подрачни основни училишта од прво до петто одделение (освен тоа во Долни Дисан, кое е со девет одделенија), а чии ученици подоцна наставата ја продолжуваат во средишниот објект на училиштето во градот Неготино. Овие училишта се:

Поради зголемување на бројот на учениците, во учебната 1987/88 година подрачното основно училиштето во селото Војшанци, кое дотогаш било подрачно училиште на ова училиште му било отстапено на ОУ „Страшо Пинџур“ - Неготино.

Организација

Во училиштето учат околу 1000 ученици од градот и приградските места, распоредени во 55 паралелки. На почетокот во училиштето биле вработени 52 наставници, а денес во него работат вкупно 64 наставници од кои 35 во предметна, а 29 во одделенска настава.

Опременост

Училиштето располага со вкупно 3.580 м2 работна површина, која ја сочинуваат 17 училници, 6 кабинети, 2 занимални, 1 фискултурна сала, 5 канцеларии и 3 простории за друга намена.

Натпревари

Училиштето постојано учествува на разни училишни, регионални, државни или меѓународни натпревари и постигнува солидни резултати.Традиционално неколку години по ред (2005 - 2007 г.), во училиштето во месец март по повод месецот на франкофонијата се спроведува републичкиот натпревар по француски јазик.[1]

Освоени награди

Училиштето е добитник на наградата Осми Ноември.

Наводи

Надворешни врски

41°28′53″N 22°5′0″E / 41.48139° СГШ; 22.08333° ИГД / 41.48139; 22.08333