ОУ „Кочо Рацин“ - Кратово

основно училиште во Македонија
(Пренасочено од ОУ "Кочо Рацин" - Кратово)

Основно училиште „Кочо Рацин“ (официјално: Основно општинско училиште „Кочо Рацин“ - Кочо Рацин; скратено: ООУ „Кочо Рацин“) — централно основно училиште во градот Кратово.[1]

Кочо Рацин

Место
Општина:Општина Кратово
Наречено по:Кочо Рацин
Нас. место:Кратово
Адреса:ул. „Михајло Апостолски“, бр. 11, Кратово
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано:1945
Настава на:македонски
Контактни информации

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски поет Кочо Рацин.

Историја

Училиштето започнало со работа во 1945 година во една стара училишна зграда во средиштето на Кратово. Поради зголемен број на паралелки и ученици била изградена нова училишна зграда во Царина Маало.[1]

Настава

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.[1]

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[1]

  • ПУ „Кочо Рацин“ - Крилатица, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
  • ПУ „Кочо Рацин“ - Секулица, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
  • ПУ „Кочо Рацин“ - Шопско Рударе, поранешно подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
  • ПУ „Кочо Рацин“ - Страцин, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
  • ПУ „Кочо Рацин“ - Туралево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
  • ПУ „Кочо Рацин“ - Вакуф, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
  • ПУ „Кочо Рацин“ - Коњух, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.

Наводи

42°4′46″N 22°10′36″E / 42.07944° СГШ; 22.17667° ИГД / 42.07944; 22.17667