Омега-шах

w4 wd<W4   A B C D E F G H IW3>   Jw3 wd
9a9 zdb9 rdc9 ndd9 bde9 qdf9 kdg9 bdh9 ndi9 rdj9 zd9
8a8 pdb8 pdc8 pdd8 pde8 pdf8 pdg8 pdh8 pdi8 pdj8 pd8
7a7b7c7d7e7f7g7h7i7j77
6a6b6c6d6e6f6g6h6i6j66
5a5b5c5d5e5f5g5h5i5j55
4a4b4c4d4e4f4g4h4i4j44
3a3b3c3d3e3f3g3h3i3j33
2a2b2c2d2e2f2g2h2i2j22
1a1 plb1 plc1 pld1 ple1 plf1 plg1 plh1 pli1 plj1 pl1
0a0 zlb0 rlc0 nld0 ble0 qlf0 klg0 blh0 nli0 rlj0 zl0
w1 wl   A<W1 B C D E F G H I   JW2>w2 wl
Почетна положба во омега-шахот

Омега-шах (англиски: Omega chess) — шаховска варијанта, измислена од страна на Даниел МакДоналд во Торонто во 1992 година. Играта се игра на табла со 100 полиња (10х10), со додатни полиња на четирите агли од таблата, на кои на почетокот на партијата се поставени „волшебниците“.[1] Играта се одвива според шаховските правила, со таа разлика што има два нови вида на фигури: „првенци“ (или „шампиони“, во почетната положба се поставени во аглите од таблата) и „волшебници“ (во почетната положба се поставени во четири додадени полиња, косо од аглите од таблата).

Дел од причината за додавањето на новите фигури е да се изедначи бројот на скокачки фигури со бројот на „лизгачки“ фигури по шаховската табла. Волшебникот е измислен, како фигура којашто може да се движи само по полињата со иста боја, што соодветствува со ловецот. Поради додатните полиња во аглите од шаховската табла, оваа варијанта на шах содржи нови тактички можности, вклучувајќи го и матот со два коња.

Омега-шахот е поддржан од страна на некои велемајстори, меѓу кои и Мајкл Род[2] и Алекс Шерцер.

Наводи

Надворешни врски