Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2018

список на статии на Викимедија

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 2016 се наведени сите земји учеснички на игрите кои освоиле медал. Игрите се одржале во Пјонгчанг од 9 до 25 февруари 2018, а медали биле доделени во 102 натпреварувања во 15 спортови.[1]

Карта на светот на којашто е претставен успехот на секоја земја на Зимските олимписки игри 2018.
Легенда:
       Со златна боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден златен медал.
       Со сребрена боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден сребрен медал.
       Со бронзена боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден бронзен медал.
       Со сина боја се обележани земјите-учеснички коишто не освоиле медал.
       Со црвена боја се обележани земјите коишто не учествувале на игрите.
Карта на светот на којаѓто се обележани земјите по вкупниот број на освоени медали на Зимските олимписки игри 2018.

Список по земји

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

     земја домаќин (Јужна Кореја)

МестоНОКЗлатоСреброБронзаВкупно
1  Норвешка (NOR)14141139
2  Германија (GER)1410731
3  Канада (CAN)1181029
4  САД (USA)98623
5  Холандија (NED)86620
6  Шведска (SWE)76114
7  Јужна Кореја (KOR)58417
8  Швајцарија (SUI)56415
9  Франција (FRA)54615
10  Австрија (AUT)53614
11  Јапонија (JPN)45413
12  Италија (ITA)32510
13  Олимписки спортисти од Русија (OAR)26917
14  Чешка (CZE)2237
15  Белорусија (BLR)2103
16  Кина (CHN)1629
17  Словачка (SVK)1203
18  Финска (FIN)1146
19  Велика Британија (GBR)1045
20  Полска (POL)1012
21  Унгарија (HUN)1001
 Украина (UKR)1001
23  Австралија (AUS)0213
24  Словенија (SLO)0112
25  Белгија (BEL)0101
26  Шпанија (ESP)0022
 Нов Зеланд (NZL)0022
28  Казахстан (KAZ)0011
 Латвија (LAT)0011
 Лихтенштајн (LIE)0011
Вкупно103102102307

Поврзано

Наводи

Надворешни врски