ПУ „Даме Груев“ - Брајковци

основно училиште во Македонија

Основно училиште „Даме Груев“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Даме Груев“ - Брајковци; скратено: ПООУ „Даме Груев“) — подрачно основно училиште во селото Брајковци, претставува единка на училиштето „Јосип Броз Тито“ од градот Валандово.[2]

Даме Груев

Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина:Општина Валандово
Наречено по:Даме Груев
Нас. место:Брајковци
Адреса:с. Брајковци
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано:1945
Број на ученици:47 (2023/24)[1]
Настава на:македонски
Контактни информации

Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Даме Груев.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Брајковци, на самиот крај од селото, на патот за селото Балинци.

Историја

Училиштето било изградено во 1992 година.[1]

Градба

Објектот е обновен. Површината на објектот е 323 метри квадратни и се загрева со пелети.[1]

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.[1]

Галерија

Наводи

41°17′30″N 22°31′14″E / 41.29167° СГШ; 22.52056° ИГД / 41.29167; 22.52056