ПУ „Ристо Шуклев“ - Кованец

основно училиште во Македонија

Основно училиште „Ристо Шуклев“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Ристо Шуклев“ - Кованец; скратено: ПООУ „Ристо Шуклев“) — подрачно основно училиште во селото Кованец, составен дел на истоименото училиште од селото Негорци.[1]

Ристо Шуклев

Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина:Општина Гевгелија
Наречено по:Ристо Шуклев
Нас. место:Кованец
Адреса:с. Кованец
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на:македонски
Контактни информации

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Ристо Шуклев.

Историја

Училиштето по неговото затворање во учебната 2000/2001, со обнова на фасадата и неговата внатрешност било повторно ставено во функција во 2016 година.[2]

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Кованец.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Наводи

41°13′30″N 22°24′54″E / 41.22500° СГШ; 22.41500° ИГД / 41.22500; 22.41500