Пентеј

Пентеј (грчки: Πενθεύς) — крал на Теба во старогрчката митологија, син и наследник на Кадмо. Тој бил противник на култот на Дионис, го исмевал и се заколнал дека ќе ги убие сите жени на теба кои го почитуваат овој бог, како и дека ќе го избрка самиот Дионис. Затоа, Дионис се претворил во ловец и го намамил кралот на Китерон, каде баханатките го растргнале.[1]

Наводи