Петар Пепељуговски

македонски партизан

Петар Пепељуговски (роден во 1924 година во Прилеп - починал на 19 ноември 1999 година во Скопје) — македонски партизан, припадник на работничкото и комунистичкото движење.[1]

Петар Пепељуговски
Роден1924
Прилеп, Кралство СХС
Починал19 ноември 1999(1999-11-19) (возр. 74–75)
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
Занимањепартизан
генерал

Животопис

Петар Пепељуговски станал член на КПЈ во 1941 година, а во 1942 бил секретар на МК на КПЈ во Прилеп. Учествувал во НОБ (од 1941) како борец на Партизанскиот одред „Ѓорче Петров“. Бил член на III областен комитет, а во 1943 г. заменик комесар на III Оперативна зона на Македонија, политички комесар на чета и на XV Македонска НО бригада. Како воен раководител учествувал со XV македонски корпус на Сремскиот фронт. По Ослободувањето вршел одговорни функции во ЈНА: командант на воено подрачје, секретар за народна одбрана во Извршниот совет на СРМ, началник на Територијалната одбрана, генерал-мајор на ЈНА.

Наводи