Пласман за млад возач на Тур де Франс


Пласман за млад возач на Тур де Франс — еден од пласманите на велосипедската трка Тур де Франс, кој постои од 1975 година. Освен во периодот 1989-1999, предводникот на пласманот за млад возач ја носел белата маичка. Условите за да можеш да учествуваш во пласманот за млад возач се менувале низ текот на годините, но секогаш биле такви да искусните велосипедисти не можат да учествуваат, понекогаш исклучувајќи ги велосипедистите по одредена возраст, велосипедисти кои претходно настапиле на Тур де Франс или велосипедисти кои биле професионалци повеќе од две години. Во поново време, само велосипедисти под 26-годишна возраст смеат да учествуваат во пласманот.

Пласман за млад возач
Детали за наградата
СпортДрумски велосипедизам
НатпреварувањеТур де Франс
Доделена занајдобар млад возач
Локално имеMaillot blanc (француски)
Историја
Прва награда1975
Изданија45 (до 2019)
Прв победник Франческо Мозер (ИТА)
Најмногу победи Јан Улрих (ГЕР)
 Анди Шлек (ЛУК)
3 пати
Најнов победник Еган Бернал (КОЛ)

Историја

Од 1968 до 1975, се доделувала белата маичка на Тур де Франс за предводникот во комбинираниот пласман (најдобар возач во генералниот, бодовниот и планинскиот пласман). Во 1975 година, овој пласман бил отстранет и заменет со пласманот за најдобар млад возач. Секој нов професионалец (помалку од три години професионално возење) учествувал во овој пласман, кој бил пресметуван користејќи ги резултатите од генералниот пласман.[1] Предводникот во пласманот за млад возач ја носел белата маичка.

Правилата за пласманот за млад возач се измениле во 1983 година, кога пласманот бил отворен само за натпреварувачите кои возат по првпат, но во 1987 година било изменето и им бил дозволено учество на сите велосипедисти помлади од 26 години до 1 јануари истата година како трката.[2] Во периодот 1989-1999, белата маичка повеќе не се доделувала, иако пласманот бил сè уште пресметуван. Од 2000, белата маичка повторно била доделувана, отворена за сите велосипедисти помлади од 26 години до 1 јануари истата година како трката. Во 1997 година, името на пласманот било официјално променето во „Сувенир Фабио Казартели“.[3] Чешкиот автомобилски производител Шкода е спонзор на белата маичка откога го преземал спонзорството на Тур де Франс од ФИАТ во 2003.

Победници

Откако бил воведен пласманот за млад возач во 1975 година, бил освоен од 29 различни велосипедисти. Од нив, шест велосипедисти, исто така, ја освоиле жолтата маичка во текот на нивните кариери (Фињон, Лемонд, Пантани, Улрих, Контадор и Шлек). Во четири случаи, велосипедист кој го освоил пласманот за млад возач, го освоил и генералниот пласман во истата година — Фињон во 1983, Улрих во 1997, Контадор во 2007 и Шлек 2010. Единствениот велосипедист кој го освоил пласманот за млад возач и планинскиот пласман во истата година е Наиро Кинтана во 2013 година. Единствените велосипедисти кои го освоиле пласманот за млад возач повеќепати се Марко Пантани (двапати), Улриј (трипати — исто така завршувајќи прв или втор во генералниот пласман на сите овие трки) и Анди Шлек (трипати).[4]

ГодинаВелосипедистЕкипаМесто во ГП
1975  Франческо Мозер (ИТА)Филотекс7.
1976  Енрике Мартинес-Ередија (ШПА)Кас-Кампањоло23.
1977  Дитрих Турау (ГЕР)ТИ-Рали5.
1978  Хенк Лубердинг (ХОЛ)ТИ-Рали8.
1979  Жан-Рене Бернодо (ФРА)Рено5.
1980  Јохан ван дер Велде (ХОЛ)ТИ-Рали12.
1981  Петер Винен (ХОЛ)Капри Зоне5.
1982  Фил Андерсон (АВС)Пежо5.
1983  Лорен Фињон (ФРА)Рено1.
1984  Грег Лемонд (САД)Рено3.
1985  Фабио Пара (КОЛ)Кафе де Колумбија8.
1986  Ендру Хемпстен (САД)Ла Вие Клер4.
1987  Раул Алкала (МЕК)7-119.
1988  Ерик Брекинк (ХОЛ)Панасоник12.
1989  Фабрис Филипо (ФРА)[5]Тошиба24.
1990  Жил Делион (ФРА)Хелветија15.
1991  Алваро Мехија (КОЛ)Ријалко19.
1992  Еди Бувманс (ХОЛ)Панасоник-Спортлајф14.
1993  Мартин Веласко (ШПА)Амаја Сегурос12.
1994  Марко Пантани (ИТА)Карера Џинс-Тасони3.
1995  Тур де ФрансMarco Pantani (ITA)Карера Џинс-Тасони13th
1996  Јан Улрих (ГЕР)Тим Телеком2.
1997  Јан Улрих (ГЕР)Тим Телеком1.
1998  Јан Улрих (ГЕР)Тим Телеком2.
1999  Беноа Салмон (ФРА)Казино-Аг2р Превојанс16.
2000  Франсиско Мансебо (ШПА)Банесто9.
2001  Оскар Севиља (ШПА)Келме-Коста Бланка7.
2002  Иван Басо (ИТА)Фаса Бортоло11th
2003  Денис Мењшов (РУС)иБанесто.com11.
2004  Владимир Карпетс (РУС)Илес Балеарс-Банесто13.
2005  Јарослав Попович (УКР)Дискавери Канал12.
2006  Дамијано Кунего (ИТА)Лампре-Фондитал12th
2007  Алберто Контадор (ШПА)Дискавери Канал1.
2008  Анди Шлек (ЛУК)Тим ЦСЦ Саксо Банк12.
2009  Анди Шлек (ЛУК)Тим Саксо Банк2.
2010  Анди Шлек (ЛУК)Тим Саксо Банк1.
2011  Пјер Ролан (ФРА)Тим Јуропкар10.
2012  Тиџеј ван Гардерен (САД)Аксент.џобс-Вилемс Веранда5th
2013  Наиро Кинтана (КОЛ)Мовистар Тим2.
2014  Тибо Пино (ФРА)FDJ.fr3.
2015  Наиро Кинтана (КОЛ)Мовистар Тим2.
2016  Адам Јејтс (ВБР)Орика-БајкЕксчејнџ4.
2017  Сајмон Јејтс (ВБР)Орика-Скот7.
2018  Пјер Латур (ФРА)АГ2Р-Ла Мондијал13.
2019  Еган Бернал (КОЛ)Тим Скај1.
  • ГП = Генерален пласман

По националност

Победници на пласманот за млад возач по националност
ДржаваБр. на велосипедистиБр. на победи
 Франција88
 Италија45
 Холандија55
 Шпанија55
 Колумбија45
 Германија24
 Луксембург13
 САД33
 Обединето Кралство22
 Русија22
Австралија11
 Мексико11
 Украина11

Наводи