Поменово

село во Општина Чашка

Поменово — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Поменово
Поменово во рамките на Македонија
Поменово
Местоположба на Поменово во Македонија
Поменово на карта

Карта

Координати 41°30′54″N 21°39′28″E / 41.51500° СГШ; 21.65778° ИГД / 41.51500; 21.65778
Регион Вардарски
ОпштинаЧашка
Население0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО29059
Поменово на општинската карта

Атарот на Поменово во рамките на општината
Поменово на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Азот, оддалечено 34 километри југозападно од Велес и 25 километри јужно од општинскиот центар Чашка.

Историја

Подрачјето на Поменово е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Завртеј на 300 м источно од селото.[2]

Во XIX век селото било дел од Велешката каза од Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948161—    
1953169+5.0%
1961120−29.0%
197123−80.8%
19814−82.6%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Поменово живееле 390 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Поменово имало 360 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, горното и долното маало имале по 100 Македонци, односно 200 жители.[5]

Селото е целосно иселено по 1981 година, кога броело само 4 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година19001905194819531961197119811991199420022021
Население3903601611691202340000
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Поменово било македонско село.

Според истражувањата од 1967 година, родови во селото биле

  • Староседелци: Ристевци (1 к.), Трајковци (1 к.), Стевановци (1 к.), Божиновци (1 к.), Василевци (1 к.), Николовци (1 к.), Петревци (1 к.) и Петревци (1 к.) сите ималз мал број на домаќинства поради иселување.[11]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Цркви
Археолошки наоѓалишта[2]

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Од ова село имало огромен број на иселеници. Првото помасовно иселување било по Првата светска војна. Второто помасовно иселување датира од 50-тите на 20 век. Населението воглавно се иселувало во Велес и Прилеп.

Се знае и за иселени родови по другите села. Како: Смиловци (Деспотовци, Северџиновци и Тамовци). Извор (Каревци). Оморани (Трпевци и Љамевци). Браилово (Аврамовци).[11]

Наводи

Надворешни врски