Список на претседатели на Кралското друштво

список на статии на Викимедија

Претседател на Кралското друштво (англиски: President of the Royal Society, PRS) — лице кое стои на чело на Кралското друштво во Лондон и (академијатата на науките на Британија) и претседава со состаноците на неговиот совет.

Грб на Кралското друштво

По една неформална средба, Кралското друштво е основано на 28 ноември 1660 г. од група научни дејци, со замисла да се создаде „друштво за унапредување на физичко-математичките опитни изучувања“,[1] На 15 јули 1662 г. друштвото добило кралска повелба, со што е признаен неговиот статут.[2] Во основачкиот документ се вели дека прв претеседател на друштвото ќе биде Вилијам Браункер, а дека секој понатамошен претседател, по потреба, ќе се бира на денот на годишното собрание на Андреевден (30 ноември) — годишнина на друштвото.

Должностите на претседателот се опишани во втората кралска повелба, иако истата не пропишува колку време лицето може да се задржи на функцијата. Ова се должело на тоа што лицата се бирале според нивната имотна состојба и влијателност како начин на обезбедување средства. Кон средината на XIX век е решено дека претседателите мора да се бираат само на основа на научна заслуга. Почнувајќи од 1870-те е воведен обичај секој претседател да служи по пет години (со неколку исклучоци), што е горната граница на службување согласно тековниот статут на друштвото.[3]

Претседателот има службена и друштвена улога. Во минатото бил главен (но неформален) советник на владата по научни прашања. Има улога на домаќин при посета на државни и научни делегации или поединци од странство.[4]

Новоизрбраниот претседател стапува должност на годишнината на друштвото (30 ноември) или првиот работен ден по неа.[5]

Список на претседатели

СлужелИме и презимеЗанимање
1662–1677 Вилијам Браункерматематичар
1677–1680 Џозеф Вилијамсончиновник и политичар
1680–1682 Кристофер Ренархитект, астроном и физичар
1682–1683 Џон Хоскинсадвокат
1683–1684 Сирил Вичадвокат, политичар
1684–1686 Семјуел Пипсморнарички чиновник и пратеник
1686–1689 Џон Вонполитичар
1689–1690 Томас Хербертполитичар
1690–1695 Роберт Саутвелдипломат
1695–1698 Чарлс Монтагјупоет и државник
1698–1703 Џон Сомерсправник и државник
1703–1727 Исак Њутнфизичар, математичар, астроном и природонаучник
1727–1741 Ханс Слоунлекар и собирач
1741–1752 Мартин Фолксстаринар
1752–1764 Џорџ Паркерастроном
1764–1768 Џејмс Дагласастроном благородник-пратеник
1768-1768 Џејмс Бароуправен известувач
1768–1772 Џејмс Вестполитичар и старинар
1772-1772 Џејмс Бароуправен известувач
1772–1778 Џон Прингллекар
1778–1820 Џозеф Бенксприродонаучник и ботаничар
1820-1820 Вилијам Хајд Воластонхемичар
1820–1827 Хамфри Дејвихемичар и пронаоѓач
1827–1830 Дејвис Гилбертинженер, писател и политичар
1830–1838 Принц Август ФредерикВојвода од Сасекс, шести син на кралот Џорџ III
1838–1848 Спенсер Комптонблагородник
1848–1854 Вилијам Парсонсастроном
1854–1858 Џон Ротслиастроном
1858–1861 Бенџамин Колинс Бродифизиолог и хирург
1861–1871 Едвард Себајнастроном, геофизичар, орнитолог и истражувач
1871–1873 Џорџ Бидел Ериматематичар и астроном
1873–1878 Џозеф Далтон Хукерботаничар и истражувач
1878–1883 Вилијам Спотисвудматематичар и физичар
1883–1885 Томас Хакслибиолог
1885–1890 Џорџ Стоуксматематичар и физичар
1890–1895 Вилијам Томсон Келвинматематички физичар
1895–1900 Џозеф Листерхирург
1900–1905 Вилијам Хагинсастроном
1905–1908 Џон Стратфизичар
1908–1913 Арчибалд Гејкигеолог и писател
1913–1915 Вилијам Круксхемичар и физичар
1915–1920 Џозеф Џон Томсонфизичар
1920–1925 Чарлс Скот Шерингтонневрофизиолог, хистолог, бактериолог и патолог
1925–1930 Ернест Радерфордфизичар и хемичар
1930–1935 Фредрик Гоуленд Хопкинсбиофизичар
1935–1940 Вилијам Хенри Брегфизичар, хемичар и математичар
1940–1945 Хенри Халет Дејлфармаколог и физиолог
1945–1950 Роберт Робинсоноргански хемичар
1950–1955 Едгар Адријанелектрофизиолог
1955–1960 Сирил Норман Хиншелвудфизички хемичар
1960–1965 Хауард Флорифармаколог и патолог
1965–1970 Патрик Блекетфизичар
1970–1975 Алан Хоџкинфизиолог и биофизичар
1975–1980 Александар Тодбиохемичар
1980–1985 Ендру Хакслифизиолог и биофизичар
1985–1990 Џорџ Портерхемичар
1990–1995 Мајкл Атијаматематичар
1995–2000 Арон Клугхемичар и биофизичар
2000–2005 Роберт Мејматематички биолог
2005–2010 Мартин Рискосмолог и астрофизичар
2010–2015 Пол Нерсгенетичар и цитолог
2015–present Венкатраман Рамакришнанбиофизичар

Наводи

Литература