Раул Руидијас

Раул Марио Руидијас Миситич (роден на 25 јули 1990, во Вилја Марија дел Триунфо) — перуански фудбалер, напаѓач на Сиетл Саундерс и на перуанската репрезентација.[1]

Раул Руидијас
Лични податоци
Роден на25 јули 1990(1990-07-25)(33 г.)
Роден воВилја Марија дел Триунфо, Перу
ДржаваПеру Перу
Висина&100000000000001690000001,69 м
Позицијанапаѓач
Клупски податоци
Сегашен клубСиетл Саундерс Сиетл Саундерс
Број9
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2008-2011Университарио Университарио66(13)
2008-2009У Америка У Америка11(3)
2012Универсидад де Чиле Унив. де Чиле15(8)
2012-2015Коритиба Коритиба8(0)
2013-2014Университарио Университарио64(35)
2015Мелгар Мелгар14(2)
2015-2017Университарио Университарио22(22)
2016-2018Морелија Морелија72(40)
2018-Сиетл Саундерс Сиетл Саундерс36(21)
Репрезентација
2011-Перу Перу36(4)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 10 март 2019
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 10 март 2019

Животопис

Неговата мајка Татјана е од хрватско потекло и се презивала Миситич (на хрватски Миситиќ).[2][3] Тој има помлад брат, Жамир, кој исто така е фудбалер.[3]

Клупска кариера

Университарио

Руидијас израснал во Лима, во областа Вилја Марија дел Триунфо и ги направил своите први фудбалски чекори во екипата на Университарио де Депортес на возраст од осум години.[4] Во оваа екипа напредувал низ сите младински категории се дури не стигнал до првиот тим и потпишал професионален договор, а веднаш потоа во јануари 2008 година тој бил позајмен на У Америка Кочауајко - клуб филијала на Университарио - каде тренер му бил Ектор "Тито" Чумпитас, поранешен легендарен фудбалер на перуанската репрезентација. Својот прв професионален гол го постигнал на 10 август во натпревар против Ихос де Асовинкос.[5] Со доаѓањето во клубот на Хорхе Агапо Гонсалес, тој бил преместен на позицијата централен напаѓач. Откако постигнал три гола и импресионирал со својте игри, тренерот Хуан Рејносо го повикал во првиот тим.[5] Своето официјално деби во Примера Дивисион го имал на 4 октомври 2009 година, во победата на Университарио над Тотал Чалако со 2-1, на возраст од 19 години.[6] Неговиот прв професионален гол во Примера Дивисион дошол на 24 октомври во победата на Университарио со 3-1 над Мелгар.[7] Тој ја завршил сезоната со 3 постигнати гола во 7 натпревари во перуанското првенство и ја освоил својата прва национална титула со Университарио.

Следната сезона може да се каже дека била доста "горчлива" за Университарио, откако клубот направил добра кампања во Копа Либертадорес 2010 и во домашните натпреварувања, но без да ги добие очекуваните конечни резултати. Раул постигнал седум гола во лигата, но повредите и лошото ниво на тимот го спречиле да заокружи одлична кампања.

Сезоната 2011 била една од најлошите за Университарио откако тие загубиле многу бодови, па дури морале да се борат и за избегнување на испаѓање. И покрај добриот состав, клубот завршил само на 14-тото место (трети оддоздола) во Торнео Десентралисадо 2011, а Руидијас постигнал 3 гола во 22 натпревари. Университарио стигнал до четвртфиналето на Копа Судамерикана, во кое тие биле елиминирани од Васко де Гама од Бразил со вкупен резултат 5-4.[8] Руидијас бил најдобар стрелец на "У" во ова натпреварување со четири гола во шест натпревари.

Универсидад де Чиле и Коритиба

Во јануари 2012 година, Руидијас бил понуден на хрватскиот Динамо Загреб и на чилеанскиот Универсидад де Чиле, потпишувајќи договор со вториот клуб.[9] Трансферот бил официјализиран на 20 јануари 2012 година, кога тој потпишал договор за шест месеци со што започнало неговото прво искуство во странство.[10] Дебитирал за Универсидад де Чиле во Апертура турнирот од Примера Дивисион против Ла Серена, во кој имал деби од соништата постигнувајќи го првиот гол, асистирајќи за вториот и изборил пенал од кој бил постигнат третиот гол.[11] Натпреварот завршил 3-1 за сините. Во неговиот втор натпревар против Депортес Икике, тој исто така постигнал гол, меѓутоа, натпреварот бил прекинат во 52-рата минута поради фрлање на пиротехнички средства на теренот.[12][13] Во неговиот трет натпревар, влегол во игра на полувремето и го постигнал последниот гол за Универсидад, во победата со 3-1 на гостувањето кај Палестино. Во четвртиот натпревар, повторно се појавил на теренот од клупата за резерви на почетокот од второто полувреме, и му помагнал на својот клуб да го победи Кобресал со 4-1, постигнувајќи гол после само 6 минути од влегувањето во игра за моментален резултат 2-1 со што стигнал до бројката од 4 гола во 4 настапи (по еден во сите 4 натпревари) за својот нов клуб. На 1 април 2012, за првпат во својата клупска кариера постигнал два гола на еден натпревар, во победата со 2-0 на домашен терен над Ренџерс Талка.

Сезоната ја завршил со 15 настапи и 8 гола во првенството со кој му помогнал на Универсидад де Чиле да ја освои титулата во Торнео Апертура 2012. Тој исто така бил најдобар стрелец на клубот во лигата со 8 гола колку што постигнал и Анхело Енрикес. Руидијас одиграл и девет натпревари во Копа Либертадорес на кој не успеал да се впише во списокот на стреците, а чилеанскиот клуб стигнал до полуфиналето во кое биле елиминирани од Бока Хуниор. На 15 јули 2012, Руидијас и Универсидад де Чиле се договориле да ја раскинат соработката.[14]

На 16 август 2012, Руидијас и се приклучил на бразилската екипа Коритиба, за која дебитирал на 8 септември 2012 во победата со 3-0 на домашен терен над Фламенго.[15] Сепак, тој одиграл само осум натпревари (сите од клупата за резерви) за клубот во бразилското првенство во 2012 година, акумулирајќи уште 4 натпревари натпревари во Првенството Паранаенсе, без да постигне ниту еден гол за клубот.

Враќање во Университарио и Мелгар

Година и половина по заминувањето од клубот, Руидијас се вратил во Университарио де Депортес на заем за една година од Коритиба. Својот прв натревар по враќањето во Университарио го одиграл на 1 април 2013, во победата на домашен терен со 4-0 над Леон де Уануко. Својот прв погодок го постигнал во победата со 3-0 над Мелгар. На 25 август 2013, Руидијас постигнал 4 гола во победата со 5-1 над Хосе Галвес. Сезоната 2013 ја завршил како најдобар стрелец во перуанската Примера Дивисион со 21 постигнат гол, колку што постигнал и Виктор Росел од Унион Комерсио. Неговите голови биле од голема важност за клубот кој станал шампион на земјата по 26-ти пат во клупската историја, откако во финалето го победиле Реал Гарсиласо на пенали во третиот натпревар; Руидијас бил прецизен изведувач за својот тим во петтата серија.

Следната сезона Руидијас ја започнал со гол против боливијскиот Стронгест во Копа Либертадорес 2014, во натпревар што завршил нерешено 3-3. Во групата во која покрај Университарио и Стронгест биле и Велес Сарсфилд и Атлетико Паранаенсе, перуанскиот шампион немал никакви шанси за минување натаму а ремито против боливијците бил нивниот единствен освоен бод. На 30 јуни 2014, Руидијас постигнал хет-трик во победата со 4-2 на гостувањето кај Лос Каиманес. Сезоната ја завршил со вкупно 19 гола, 14 гола во перуанското првенство, 4 во Инка купот и еден во Копа Либертадорес.

Во 2015 година, откако Кортиба и Университарио не успеале да се договорат за негов постојан трансфер, тој се преселил во Мелгар, каде дошол на барање на тренерот Хуан Рејносо и потпишал договорот со клубот од Арекипа на 6 месеци.[16] Неговото потпишување за Мелгар предизвикало многу контроверзии, бидејќи тој еднаш претходно веќе рекол дека во Перу може да игра само за Университарио.

За време на целиот свој престој во црвено-белите, тој постигнал само 5 гола во 20 натпревари. Кога го видел Университарио меѓу последните места на табелата во перуанското првенство, Раул одлучил по истекот на неговиот додговор со Мелгар да се врати во клубот со цел да им помогне на студентите во борбата за опстанок. Тој бил претставен на 11 август 2015 заедно со Родриго Куба, а дебитирал со погодок во победата со 3-1 на гостувањето кај Депортиво Ансоатеги од Венецуела во Копа Судамерикана. Во домашните турнири дебитирал во првото коло од Клаусура со гол против Унион Комерсио, меѓутоа "У" го загубиле натпреварот со 2-3, што резултираше со добивање отказ на тренерот Луис Фернандо Суарес. Перформансите на Руидијас биле импресивни, бидејќи ја завршил сезоната со 12 гола во 15 натпревари, заработил повик во репрезентацијата и го спасил тимот од испаѓање.

Во 2016 година тој решил да остане во "У" и ја одбил понудата од тајландскиот клуб Бурирам Јунајтед. Својот прв гол во новата сезона го постигнал на 12 февруари 2016, во ремито 2-2 на домашен терен против Хуан Аурич. На 8 мај 2016, Руидијас постигнал хет-трик во победата со 3-1 над УТК. Својот последен натпревар за Университарио го одиграл на 15 мај 2016, во поразот со 2-0 од Ајакучо, во кој промашил пенал. Првенството Апертура го завршил со 10 гола во само 9 настапи (поради настапи за репрезентацијата и повреди), со што бил втор најдобар стрелец во првенството. Неговите голови му помогнале на Университарио да заврши како шампион во Апертура со цели 9 бода повеќе пред второ и третопласираниот тим.

Морелија

Откако го завршил учеството на Копа Америка Сентенарио со својата репрезентација, Руидијас потпишал за мексиканскиот клуб Монаркас Морелија на заем до крајот на сезоната за објавена сума од 105,000 евра.[17] Тој бил претставен во Морелија пред медиумите на 1 јули 2016 и го зел дресот со број 9.[18] Своето деби во мексиканското првенство го направил на 15 јули 2016 заменувајќи го Диего Валдес во поразот со 2–0 од Тихуана.[19] Следната недела, во првиот натпревар на Морелија на домашен терен, Руидијас го постигнал својот прв гол за клубот во ремито 2–2 против Керетаро.[20] На 1 август 2016, тој постигнал хет-трик во гостинската победа со 4–2 над Сантос Лагуна.[21] Руидијас ја завршил сезоната со 11 постигнати гола со кој бил најдобар стрелец за сезоната заедно со Дајро Морено од Тихуана.[22]

Пред првиот натпревар на Морелија на домашен терен од Клаусура 2017 против Тихуана, Руидијас бил награден со доделување на комеморативна плакета на Стадионот Морелос поради тоа што во претходното првенство станал првиот најдобар стрелец во историјата на клубот во најсилната мексиканска лига.[23] Руидијас подоцна го постигнал вториот гол за својот тим во натпреварот, а Морелија победила со 2–0.[24] По истиот тој натпревар, било објавено дека Морелија потпишала перманентен договор со Руидијас на три години, откупувајќи го перуанскиот напаѓач од Университарио кој претходно играл во клубот како позајмен играч.[25] На 30 април 2017, Руидијас го постигнал својот втор хет-трик за Морелија во победата со 4-0 над УНАМ.[26] Во последниот натпревар од сезоната, тој го постигнал клучниот погодок за победата со 2-1 над Монтереј,[27] со кој и помогнал на Морелија да избегне испаѓање, како и да се квалификува за фазата за шампион, а исто така тој гол му помогнал на Руидијас втора сезона по ред да стане најдобар стрелец во Примера Дивисион на Мексико.[27][28][29]

Сиетл Саундерс

На 6 јуни 2018, Руидијас потпишал за американскиот МЛС клуб, Сиетл Саундерс, со правилото за назначен играч.[30] По завршувањето на својте обврски со репрезентацијата на Светското првенство 2018, Руидијас му се приклучил на својот нов клуб во средината на јули 2018, а своето деби го направил на 21 јули 2018, во победата со 2-0 над Ванкувер Вајткaпс влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Вил Бруин. Својот прв гол за Саундерс го постигнал само пет дена подоцна, во победата со 1-0 на гостувањето кај Сан Хосе Ертквејкс. На 15 септември истата година, Руидијас ги постигнал двата гола за својот тим во победата со 2-1 на гостувањето кај Ванкувер Вајткапс, со кои му помогнал на Сиетл Саундерс да го осигура освојувањето на Каскадија купот за 2018 година; исто така натпреварот бил првиот во кој перуанскиот напаѓач успеал да постигне два гола по доаѓањето во МЛС. Со својте 10 гола во регуларниот дел од сезоната Руидијас имал огромен придонес во големото враќање на Сиетл од дното на табелата до позициите кој воделе во плејофот што било резултат на една одлична серија на резулатати која започнала во средината на летото и траела до крајот на сезоната. Во полуфиналето на МЛС плејофот Саундерс се сретнале со нивните големи соперници Портланд Тимберс. Во првиот натпревар игран во Портланд, Сиетл загубил со 2-1, иако Руидијас го довел својот тим во водство по само 10 минути; во вториот натпревар Сиетл победил со 3-2 по продолженија а Руидијас одново бил во главна улога постигнувајќи два гола, од кој вториот гол (за моментален резултата 2-1) дошол во 93-тата минута, со кој ги спасил Саундерс од испаѓање и го одвел двомечот во продолженија. Сепак, на крајот Сиетл бил елиминиран по изведување на пенали (2-4), иако Руидијас и тука бил прецизен и реализирал пенал во првата серија.

На стартот на сезоната 2019 во МЛС, Руидијас продолжил со својата серија на голови каде што застанал во претходната сезона постигнувајќи три гола во првите три натпревари на Сиетл од сезоната погодувајќи ја мрежата на секоја од трите противнички екипи Синсинати, Колорадо Рапидс и Чикаго Фајр. Сепак добрата серија била прекината на почетокот на април кога тој се здобил со повреда на петата и морал да пропушти неколку натпревари.[31]

Репрезентативна кариера

Руидијас го направил своето деби за перуанската репрезентација на 7 јуни 2011 во ремито без голови 0–0 против Јапонија во Нигата во Кирин купот. Истиот месец, Руидијас бил повикан од селекторот Серхио Маркарјан да го претставува Перу на Копа Америка 2011 во Аргентина; тој одиграл само еден натпревар на турнирот против Чиле во групната фаза, а неговата репрезентација го освоила 3-тото место, победувајќи ја Венецуела со 4–1.

Својот прв погодок за репрезентацијата Руидијас го одбележал на 24 март 2016, во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2018 против Венцуела одигран во Лима кој завршил 2-2. Истата година, Руидијас бил избран во составот на Перу од 23 играчи за Копа Америка Сентенарио од селекторот Рикардо Гарека. Во третиот натпревар од групната фаза против Брзил на 12 јуни 2016, Руидијас постигнал контроверзен погодок во 75-тата минута, кој потоа се покажал како победнички, уфрлувајќи ја топката во мрежата на Бразил со рака. Со тој гол Перу победил со 1-0, и минал во нокаут фазата како победник во групата Б, додека кариоките биле елиминирани.[32]

Во мај 2018 тој бил повикан во репрезентацијата за Светското првенство 2018 во Русија,[33] каде одиграл два натпревари (и во двата влегол од клупата за резерви пред самиот крај) а Перу бил елиминиран во групната фаза.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Перу
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
1-6-2011НигатаЈапонија 0 – 0  ПеруКирин Куп-  67'
4-6-2011МацумотоПеру 0 – 0  ЧешкаКирин Куп-  59'
28-6-2011ЛимаПеру 1 – 0  СенегалПријателска-  77'
12-7-2011МендосаЧиле 1 – 0  ПеруКопа Америка 2011 - Прва фаза-дет.
3-6-2012ЛимаПеру 0 – 1  КолумбијаКвал. за СП 2014-  69'
16-10-2012АсунсионПарагвај 1 – 0  ПеруКвал. за СП 2014-  80'
14-11-2012ХјустонХондурас 0 – 0  ПеруПријателска-  69'
18-4-2013Сан ФрансискоПеру 0 – 0  МексикоПријателска-  46'
30-5-2014ЛондонАнглија 3 – 0  ПеруПријателска-  66'
3-6-2014ЛуцернШвајцарија 2 – 0  ПеруПријателска-  83'
1-4-2015Форт ЛодердејлПеру 0 – 1  ВенецуелаПријателска-  71'
24-3-2016ЛимаПеру 2 – 2  ВенецуелаКвал. за СП 2018'1  60'дет.
29-3-2016МонтевидеоУругвај 1 – 0  ПеруКвал. за СП 2018-  49'дет.
30-5-2016ВашингтонЕл Салвадор 1 – 3  ПеруПријателска1
9-6-2016ФиниксЕквадор 2 – 2  ПеруКопа Америка 2016 - Прва фаза-  73'
13-6-2016ФоксбороПеру 1 – 0  БразилКопа Америка 2016 - Прва фаза1  64'
18-6-2016Ист РатерфордПеру 0 – 0
(2-4 пен.)
 КолумбијаКопа Америка 2016 - Четвртфинале-  77'
1-9-2016Ла ПасБоливија 0 – 3  ПеруКвал. за СП 2018-доделенадет.
7-9-2016ЛимаПеру 2 – 1  ЕквадорКвал. за СП 2018-  73'дет.
7-10-2016ЛимаПеру 2 – 2  АргентинаКвал. за СП 2018-  58'дет.
12-10-2016СантјагоЧиле 2 – 1  ПеруКвал. за СП 2018-  46'дет.
11-11-2016АсунсионПарагвај 1 – 4  ПеруКвал. за СП 2018-  87'дет.
16-11-2016ЛимаПеру 0 – 2  БразилКвал. за СП 2018-  62'дет.
24-3-2017МатуринВенецуела 2 – 2  ПеруКвал. за СП 2018-  78'дет.
1-9-2017ЛимаПеру 2 – 1  БоливијаКвал. за СП 2018-  75'дет.
11-10-2017ЛимаПеру 1 – 1  КолумбијаКвал. за СП 2018-  68'
16-11-2017ЛимаПеру 2 – 0  Нов ЗеландКвал. за СП 2018-  66'дет.
24-3-2018МајамиПеру 2 – 0  ХрватскаПријателска-  88'
28-3-2018ЛајпцигПеру 3 – 1  ИсландПријателска1  66'
30-5-2018ЛимаПеру 2 – 0  ШкотскаПријателска-  69'
16-6-2018ШаранскПеру 0 – 1  ДанскаСП 2018 - Прва фаза-  85'дет.
21-6-2018ЕкатеринбургФранција 1 – 0  ПеруСП 2018 - Прва фаза-  82'дет.
9-9-2018ЗинсхајмГерманија 2 – 1  ПеруПријателска-  86'
13-10-2018МајамиПеру 3 – 0  ЧилеПријателска-  85'
17-10-2018Ист ХартфордСАД 1 – 1  ПеруПријателска-
16-11-2018ЛимаПеру 0 – 2  ЕквадорПријателска-  46'
20-11-2018АрекипаПеру 2 – 3  КостарикаПријателска-  69'
ВкупноНастапи37Голови4

Статистика

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 25 март 2017.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2009 У Америка КочауајкоСД113---------113
2009 УниверситариоТД93---------93
2010ТД357---КЛ20---377
2011ТД223---КС64---287
2012 Универсидад де ЧилеПД158---КЛ90---248
2012 КоритибаА80КБ30------110
2013 УниверситариоТД24+12[34]+3[35]12+8[34]+1[35]КИ00------3921
2014ТД2514КИ104КЛ61---4119
2015 МелгарТД142КИ63------205
2015 УниверситариоТД1313---КС21---158
2016ТД910---------910
Вкупно Университарио1527110416617881
2016-2017 МорелијаПД33+1[34]20+0[34]КМ00------3420
2017-2018ПД32+6[34]18+2[34]КМ11------3921
Вкупно Морелија55+738+2116341
2018 Сиетл СаундерсМЛС14+2[35]10+3[35]---------1613
2019МЛС33ОКС00------33
Вкупно Сиетл Саундерс17+213+31916
Вкупно во кариерата281140208256326154

Хет-трикови

Во својата кариера Руидијас постигнал 6 хет-трика. На 5 од нив постигнал три гола, а еднаш постигнал и четири гола на еден натпревар што е негов личен рекорд во кариерата. Иако во кариерата променил поголем број на клубови, интересно е тоа што хет-трик успеал да оствари само со две екипи Университерио и Морелија, правејќи го тоа по трипати со двете екипи.

Титули

Клупски

Университарио

  • Торнео Десентралисадо (2) : 2009, 2013

Универсидад де Чиле

  • Торнео Апертура (1) : Торнео Апертура 2012

Сиетл Саундерс

  • МЛС куп (1) : 2019

Репрезентативни

Перу

Наводи

Надворешни врски