Ридигер Зелиг

германски велосипедист

Ридигер Зелиг (германски: Rüdiger Selig; р. 19 февруари 1989 во Цвенкау) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лото-Дстни.[1]

Ридигер Зелиг
Зелиг на Трката на Фјордовите 2013
Лични податоци
Цело имеРидигер Зелиг
ПрекарРуди
Роден19 февруари 1989(1989-02-19)(35 г.)
Цвенкау,  Источна Германија
Висина1,88 м
Маса80 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЛото-Дстни
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за класици
Аматерски клубови
2008–2011
2011
Тим Џенатек
Леопард Трек (стажант)
Професионални клубови
2012–2015
2016-2021
2022-
Катјуша
Бора-Аргон 18
Лото-Судал
Последна промена
20 декември 2022

Зелиг настапувал како аматер до средината на 2011 година, кога му се приклучил на Леопард Трек како стажант. Во октомври ја освоил трката Бинше-Турне-Бинше.[2] Во септември 2015 година Бора-Аргон 18 објавиле дека Зелиг ќе им се приклучи за сезоната 2016, со цел да го засилат спринтерскиот воз на екипата.[3] Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016[4] и за Џиро д’Италија 2017.[5] Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[6]

Достигнувања

2010
1. Етапа 5 Трка околу Берлин
3. Краен пласман Докола Мазовша
2011
1. Бинше-Турне-Бинше
1. Етапа 5 Трка околу Берлин
2. Краен пласман Докола Мазовша
3. Национално друмско првенство под 23 години
4. Светско друмско првенство под 23 години
4. ПроРејс Берлин
5. Ешборн-Франкфурт под 23 години
8. Краен пласман Тур де Валони-Пикард
2012
2. ПроРејс Берлин
6. Волта Лимбург Класик
8. Минстерланд Џиро
2013
1. Волта Лимбург Класик
1. Етапа 3 (ТТТ) Трка на Фјордовите
7. ПроРејс Берлин
2015
1. Пролог (ТТТ) Трка околу Австрија
7. Даун Андер Класик
10. Класика де Алмерија
2017
2. Класика де Алмерија
3. Гран при де Фурмје
7. Нокере Курсе
2018
1. Етапа 2 Околу Словачка
2019
6. Трофео Палма
8. Гент-Вевелгем
10. Европско друмско првенство

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка2016201720182019202020212022
ЏироСОСО127СО
Тур165
Вуелта156141

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски