Ристо Пенов

Политичар од Македонија

Ристо Пенов (роден на 28 септември 1957 година во Велес) — македонски стопанственик, политичар и општественик.[1]

Ристо Пенов
Градоначалник на Град Скопје
На должноста
1996 – 2005
ПретходникЈове Кекеновски
НаследникТрифун Костовски
Пратеник во македонското Собрание
На должноста
2006 – 2011
Министер за локална самоуправа на Македонија
На должноста
2022 – 2024
ПретседателСтево Пендаровски
ПремиерДимитар Ковачевски
Лични податоци
Роден(а)28 септември 1957(1957-09-28)(66 г.)
Титов Велес, НР Македонија, ФНРЈ
НационалностМакедонец
ПартијаДемократска партија
ЛДП
СопружникНада
Деца2
Установа„Св. Кирил и Методиј“
Професијаекономист
Вероисповедправославен христијанин

Животопис

Образование

Ристо Пенов е роден на 28 септември 1957 година во Велес. Средно образование завршил во Гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ во 1975 година, дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1979 година и магистрирал на тема „Кадровскиот потенцијал на Македонија – човечките ресурси како производен фактор“ на Правниот факултет во Скопје во 1990 година.

Работен век

Ристо Пенов со својот професионален ангажман започнал во органите на управа на Град Скопје каде што работел на проблемите на економскиот и просторниот развој на градот, и на тоа место се задржал до 1986 година кога станал советник во економскиот тим на Петар Гошев. Бил раководител во претпријатието „Ангрокожа“ (1990-1993).

Во политичкиот ангажман бил секретар на Демократската партија до нејзиното соединување со Либералната партија во 1997 година, потпретседател (19 април 1997 – пролетта 1999) и претседател на Либерално-демократската партија (пролетта 1999 – 11 февруари 2007).

Во 1996 година на Локалните избори бил избран за Градоначалник на Град Скопје, а вториот мандат го добил на Локалните избори во 2000 година. По завршувањето на градоначалничката функција, Пенов бил во два мандати пратеник во Собранието на Македонија.

Наводи