Стрмол (замок)
Стрмол — замок во Општина Церкље на Горењска, Словенија. Името потекнува од неговите градеители, семејството Стрмол. За првпат, замокот се споменува во 13 век, иако не постојат сигурни податоци за неговото основање. Моментално, објектот служи како сала каде се одржуваат некои од конференциите на Владата на Реублика Словенија.
Стрмол Grad Strmol | |
---|---|
![]() | |
![]() | |
Општи податоци | |
Град | Општина Церкље на Горењска |
Земја | Словенија |
Во јануари 1944 година, партизаните ги киднапирале и убиле сопствениците на замокот, Радо Хрибар (1901–1944) и Ксенија Горјуп Хрибар (1905–1944). Замокот бил национализиран од комунистичката влада по војната. Барањето за враќање на имотот било поднесено во 1992 година, а замокот бил вратен на наследниците во 2004 година[1][2][3][4]. Телата на Радо Хрибар и Ксенија Горјуп Хрибар биле пронајдени во декември 2015 година.[5].