Тајпеј куќа на приказната

Куќата на приказната во Тајпеј (кинески: 台北故事館), порано познат како замокот Јуаншан (кинески:圓山別莊), е историска куќа во округот Жонгшан, Тајпеј, Тајван. Моментално е отворено како музеј во Експо паркот Тајпеј.

Куќата на приказната во Тајпеј
台北故事館 / 圓山別莊
Карта
Основан1913-1914
МестоЖонгшан, Тајпеј, Тајван
Координати25°04′24″N 121°31′28″E / 25.07333° СГШ; 121.52444° ИГД / 25.07333; 121.52444
ТипМузеј
Јавен превозстаницата Јуаншан
Мреж. местоwww.storyhouse.com.tw

Преглед

Куќата била изградена во 1913-1914 година за време на јапонското владеење од Тан Тиау-Чун (кинески:陳朝駿), трговец со чај од областа Даитотеи.[1][2] Првично била гостинска куќа за локални достоинственици и гости од странство.[3]

Приземјето е изградено од тула, а горните катови од дрво со греди во англиски стил на Тудор.[1] Скалите биле конструирани да изгледаат како пагода. На фронтонот над влезот има витраж во зелена, жолта и црвена боја. Внатре има два камини, со голем број на арт нову плочки и тавански светилки со барелефни цветни дезени.[3]

Музејот сега има експонати поврзани со чајот и локалната историја. Се наоѓа во непосредна близина на музејот за ликовни уметности во Тајпеј и блиску до метро станицата Јуаншан.[4]

Транспорт

Зградата е во непосредна близина пеш на северо-источно страна од станицата Јуаншан на метрото во Тајпеј.[5]

Цени

Цената за посета на музејот е 50НТ$ (нови тајвански долари) по особа. Влезот е бесплатен за лица под 6 или над 65 години.[5]

Работно време

Музејот е отворен од 10:30 до 18:30 часот, од вторник до сабота.[3]

Поврзано

  • Список на туристички атракции во Тајван
  • Замокот на улицата Тајпеј Футаи
  • Бирото за монопол

Наводи

Надворешни врски