Трка околу Фландрија 2015

велосипедска трка

Трка околу Фландрија 2015 — 99. издание на велосипедската класична трка Трка околу Фландрија. Се одржала на 5 април и била осма трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2] Трката е еден од класиците на калдрма и е втор од велосипедските монументи во календарот за 2015 година.[3] Првакот од 2014 година бил Фабијан Канчелара; тој не ја бранел титулата по напукнувањето на две ребра при пад на Е3 Харелбеке.[4]

Трка околу Фландрија 2015
Светска турнеја на UCI 2015, трка 8 од 28
Детали за трката
Date5 април 2015
Растојание264,9 км
Време6ч 26' 38" ( км/ч)
Добитници на наградите
Победник Александер Кристоф (НОР)(Катјуша)
Втор Ники Терпстра (ХОЛ)(Етикс-Квик Степ)
Трет Грег ван Авермат (БЕЛ)(Ванти-Груп Гобер)
2014
2016

Трката била освоена од Александер Кристоф во спринт пред Ники Терпстра, додека Грег ван Авермат завршил на третото место.

Екипи

Бидејќи Трката околу Фландрија е дел од Светската турнеја, сите 17 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Организаторите на трката, исто така, дале осум специјални покани на професионалните континентални екипи. Групата била составена од 25 екипи.[5]

Екипи во Светската турнеја биле:

Екипи кои добиле специјални покани биле:

Резултати

ВелосипедистЕкипаВремеБодови за
Светската турнеја
1  Александер Кристоф (НОР)Катјуша6ч 26’ 38”100
2  Ники Терпстра (ХОЛ)Етикс-Квик Степи.в.80
3  Грег ван Авермат (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер+ 7”70
4  Петер Саган (СВК)Тинкоф-Саксо+ 17”60
5  Тиш Бенот (БЕЛ)Лото-Судал+ 35"50
6  Ларс Бом (ХОЛ)Астана+ 35"40
7  Џон Дегенколб (ГЕР)Џајант-Алпецин+ 48"30
8  Јирген Рулантс (БЕЛ)Лото-Судал+ 48"20
9  Здењек Штибар (ЧЕШ)Етикс-Квик Степ+ 48"10
10  Мартин Елмигер (ШВА)ИАМ Сајклинг+ 48"4

Наводи

Надворешни врски