Трота од Салерно

Трота од Салерно била медицински лекар и писател во јужниот италијански крајбрежен град Салерно, која живеела во раните или средните децении на XII век. Нејзината слава се проширила сè до Франција и Англија во XII и XIII век.

Практична медицина според Трота

Делото со кое Трота најчесто се поврзува како автор е Practica secundum Trotam („Практична медицина според Трота“), кое опфаќа различни медицински теми, од неплодност и нарушувања на менструацијата до каснување од змија и козметика.[1] Трота била познат авторитет за акушерство и позната бабица во Салерно.[2] Иако нејзините дела се познати по нивните практични информации за гинекологија и акушерство, Трота пишувала и за медицински проблеми со кои се соочуваат и мажите и жените.

Наводи