ФК Пелистер

македонски фудбалски клуб

ФК Пелистерфудбалски клуб од Битола, Македонија, кој моментално настапува во Втора македонска фудбалска лига. Клубот е формиран по ослободувањето во 1945 година, иако негови претходници во Битола егзистираат од 1924 година. Клупските бои на Пелистер се зелената и белата. Клубот игра на градскиот стадион Тумбе кафе.

ФК Пелистер
Амблемот на ФК Пелистер
Целосно имеФК Пелистер Битола
Основан1945; пред 79 години (1945)
Распаднат
СтадионСтадион Петар Милошевски
Капацитет8,000
ПретседателМитко Стојковски
ТренерБобан Бабунски
Лига1. македонска лига
2023/24Втора македонска лига, 2.
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

Историја

ФК Пелистер е формиран во 1924 година, најпрво под името „Омладина“, кое подоцна било сменето во „Пелистер“, а подоцна во „СК Битола“. Клубот повторно се појавил под старото име „Пелистер“ по ослободувањето во 1945 година, а веќе во 1946 година станал првак во битолскиот фискултурен округ. Истата година, клубот се споил со "ФК Работник", но го задржал името Пелистер. Некои од попознатите играчи од тоа време биле: Ѓеоргиевски, Димитровски, Мицевски, Петровски, Наумовски, Лазаревски, Шекерџиевски, Аврамовски, Несторов и Ефтимовски.

Пелистер за првпат во својата историја влегол во втората југословенска лига во сезоната 1974/1975. Пелистер не успеал да се задржи подолго време во втората лига, но подоцна се вратил во лигата во 1982 година, кога на чело на клубот биле Митко Бутлевски и тренерот Иван Чабриновиќ. Пред распаѓањето на СФР Југославија, Пелистер настапувал и во Првата сојузна лига.

Натпревари во фудбалското првенство на Македонија

По осамостојувањето на Република Македонија, Пелистер континуирано се натпреваруваше во првата македонска фудбалска лига сѐ до сезоната 2002/2003, кога клубот испаѓа од највисокото натпреварување во Македонија.

Пелистер нема освоено шампионска титула во првенството на Македонија, но двапати е освојувач на Купот на Македонија во 2001 и во 2017 година.

Сезона 2014-2015

Летото 2014 година, ФК Пелистер, кој бил во целосна сопственост на Општина Битола, добил нов спонзор - претпријатието Цермат". Истовремено, клубот добил нов претседател (Димче Шеровски), а за нов тренер бил назначен поранешниот тренер на клубот, Марјан Секуловски.[1]

Пелистер во Европа

Резултати

СезонаНатпреварувањеКолоКлубДомаГостиВкупен резултат
2000Интертото куп Хобшаид3–11–04–1
Вестра Фрелунда3–10–03–1
Селта Виго1–20–31–5
2001–02Куп на УЕФА Санкт Гален0–23–23–4
2008–09Куп на УЕФА1K АПОЕЛ0–00–10–1
2017–18Лига Европа Лех Познањ0–30–40–7

Играчи

Моментален состав

Од сезона 2022/23


Бр.ПозицијаИграч
3 Томе Китановски
8 Наумче Бакрачески
10 НПБорче Маневски
11 ОДХристијан Гроздановски
12 ГМАндреј Јовчевски
14 СРМарио Наумоски
15 НПНикола Наумоски
16 НПБобан Здравевски
22 СРБојан Спиркоски
Бр.ПозицијаИграч
25 ОДХристијан Драгарски
26 СРБурхан Мустафов
29 НПЕрен Парталко
1 ГМИлче Петровски
13 ОДСтефан Ивановски
4 ОДMihail Milevski
26 ОДБојан Стефановски
23 СРПетар Љамчевски
28 НПХристијан Торнески


Стручен штаб :Бобан Бабунски шеф на стручен штаб, Горан Ганчев,Саше Велјановски и Горан Пашовски

Титули

Македонска републичка лига:

  • Победник (7): 1949–50, 1950–51, 1956–57, 1959–60, 1960–61, 1974–75, 1981–82

Втора македонска лига:

Македонски републички куп:

  • Победник (4): 1959, 1962, 1985, 1991

Куп на Македонија:

Навивачка поддршка

Навивачите на Пелистер се викаат „Чкембари“.

Наводи

Надворешни врски