Финале на ФА Купот во 2022 година

Матична статија: ФА Куп 2021-2022.

Финалето на ФА Купот во 2022 година бил фудбалски натпревар, со кој се одредил победникот на ФА Купот за сезоната 2021-2022. Ова било 141-вото финале на ФА Купот, англискиот фудбалски куп организиран од страна на ФА. Финалето било одиграно на Вембли на 14 мај 2021 година, а во него се сретнале екипите на Челси и Ливерпул. Ова било прв пат истиот пар на екипи да се сретнат во финалето на Лига Купот и во финалето на ФА Купот во истата сезона по Арсенал и Шефилд Венздеј во 1993 година.[3]

ФА Куп финале 2022
Вембли бил домаќин на финалето.
ПрвенствоФА Куп 2021–2022
По продолженија
Ливерпул победил со 6–5 на пенали
Датум14 мај 2022 (2022-05-14)
СтадионВембли, Лондон
Играч на
натпреварот
Колумбија Луис Дијас (Ливерпул)[1]
СудијаАнглија Крег Поусон[2]
Гледачи84,897
2021
2023

Финалето завршило без голови (0-0) по 90 и 120 минути игра, па победникот бил решен по изведување на пенали. Иако Ливерпул имал предност по раното промашување на Сесар Аспиликуета, во последната серија Садио Мане не успеал да им го донесе трофејот на црвените откако неговиот пенал бил одбранет од неговиот сонародник на голот на Челси, Едуар Менди, по што драмата продолжила; сепак, две серии подоцна Алисон Бекер го одбранил пеналот на Мејсон Маунт, a Костас Цимикас бил прецизен за победа на Ливерпул.

Ливерпул го освоил трофејот за прв пат од 2006 година, а нивниот менаџер, Јирген Клоп, станал првиот германски тренер кој го освоил ФА Купот.[4] На спротивната страна, Челси поставил непосакуван рекорд, губејќи го своето трето последователно финале во натпреварувањето, по поразите од Арсенал и Лестер Сити во финалињата играни во 2020 и 2021 година.

Патот до финалето

Патот на Челси до финалето
РундаПротивникРезултат
3. Честерфилд (Д)5–1
4.  Плимут (Д)2–1 (прод.)
5. Лутон Таун (Г)3–2
ЧФ Мидлсбро (Г)2–0
ПФ Кристал Палас (Н)2–0
Клуч: (Д) = Дома; (Г) = Гости; (Н) = Неутрален терен

Патот на Ливерпул до финалето
РундаПротивникРезултат
3. Шрусбери (Д)4–1
4. Кардиф Сити (Д)3–1
5.  Норич Сити (Д)2–1
ЧФ Нотингем Форест (Г)1–0
ПФ Манчестер Сити (Н)3–2
Клуч: (Д) = Дома; (Г) = Гости; (Н) = Неутрален терен

Натпреварот

Детали

Челси
Ливерпул
GK16 Едуар Менди
CB14 Тревох Чалоба  106'
CB6 Тијаго Силва
CB2 Антонио Ридигер
RM24 Рис Џејмс 77'
CM5 Жоржињо
CM8 Матео Ковачиќ  66'
LM3 Маркос Алонсо
RW19 Мејсон Маунт
LW10 Кристијан Пулишиќ  106'
CF9 Ромелу Лукаку  85'
Замени:
GK1 Кепа Арисабалага
DF28 Сесар Аспиликуета  106'
DF31 Маланг Сар
MF7 Н'Голо Канте  66'
MF12 Рубен Лофтус-Чик  106'  120'
MF17 Саул
MF18 Рос Баркли  120'
MF22 Хаким Зијеш  85'
FW11 Тимо Вернер
Менаџер:
Томас Тухел
GK1 Алисон Бекер
RB66 Трент Александер-Арнолд
CB5 Ибрахима Конате
CB4 Вирџил ван Дајк  91'
LB26 Ендрју Робертсон  111'
CM8 Наби Кеита  74'
CM14 Џордан Хендерсон
CM6 Тијаго
RF11 Мохамед Салах  33'
CF10 Садио Мане
LF23 Луис Дијас  98'
Замени:
GK62 Куивин Келехер
DF12 Џо Гомес
DF21 Костас Цимикас  111'
DF32 Жоел Матип  91'
MF7 Џејмс Милнер  74'
MF17 Картис Џонс
FW9 Роберто Фирмино  98'
FW20 Диого Жота  33'
FW27 Дивок Ориги
Менаџер:
Јирген Клоп

Играч на натпреварот:
Луис Дијас (Ливерпул)[1]

Помошни судии:[2]
Дан Кук
Едвард Смарт
Четврти судија:[2]
Дејвид Кут
Четврти судија:[2]
Дан Робатан
Video assistant referee:[2]
Пол Тирни
Assistant video assistant referee:[2]
Сајмон Бенет

Правила на натпреварот[5]

  • 90 минути
  • 30 минути продолженија ако е потребно.
  • Изведување пенали ако резултатот е нерешен.
  • Девет избрани резерви. Од нив пет можат да бидат искористени како замени, а доколку се играат продолженија дозволена е и шеста замена.

Наводи