ХЕЦ „Вруток“

хидроцентрала во Македонија

Вруток (Хидроелектрична централа „Вруток“ или ХЕЦ „Вруток“) — хидроцентрала, која е дел од хидросистемот „Маврово“,[1][2] со вкупен капацитет од 165,6 MW.[3]

ХЕЦ „Вруток“
Влезот на централата „Вруток“
ХЕЦ „Вруток“ во рамките на Македонија
Местоположба на ХЕЦ „Вруток“ во Македонија
НазивХидроелектрична централа „Вруток““
ЗемјаМакедонија Македонија
МестоВруток
Координати41°46′14″N 20°50′18″E / 41.77056° СГШ; 20.83833° ИГД / 41.77056; 20.83833
Статусфункционална
Изградбата почнала1947 (1947)
Пуштена1957 (1957)
СопственикЕСМ
ОператорЕСМ
Информации за произодството
Построен капацитет165,6 MW
Годишно производство350 GWh

Историја

Централата била пуштена во работа во 1957 година, а изградбата на целиот хидросистем „Маврово“ започнала во 1947 година.[4] Во времето на Југославија, хидроцентралата го носела името ХЕЦ „Тито“.[5]

Во 2014 година била извршена модернизација на сите четири агрегати и на придружната опрема, со што моќноста на електроцентралата била зголемена за дополнителни 18,3 мегавати и годишно производство од околу 50 гигават-часови. Модернизацијата била финансирана од ЕЛЕМ (9,5 милиони евра) и со кредит од банката KfW (27,1 милиони евра).[6]

Особеност

ХЕЦ „Вруток“ е акумулациска хидроелектрична централа со установена моќност од 41,4 MW по агрегат, или вкупно 165,6 MW. Просечното годишно производство на електрична енергија е 350 GWh, а просечниот годишен доток е 278.000.000 м3 вода.[7]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски