Хиломикрон

Хиломикроните се липобелковински честички кои се состојат од триглицериди (85–92%), фосфолипиди (6–12%), холестерол (1–3%), и белковини (1–2%).[1]

Шематски приказ на хиломикрон

Тие ги транспортираат липидите од храната низ телото. Хиломикроните се една од петте главни групи на липобелковини (хиломикрони, VLDL, IDL, LDL, HDL) кои овозможуваат мастите и холестеролот да се движат во крвотокот во кој се растворливи само хидрофилни супстанци.

Наводи