Чеканче (коска)

Чеканчето (латински: maleus) е едно од трите слушни ковчиња што се наоѓаат во тапанската празнина на средното уво.

Чеканче
Лево чеканче. А- задна страна, B- внатрешна страна.
Десна тапанска празнина (чеканчето видливо во центарот).
Податоци
Назнаки
ЛатинскиMalleus
MeSHA09.246.397.247.524
TAA15.3.02.043
FMAFMA:52753

Делови

На чеканчето се разликуваат:

  • глава;
  • врат;
  • странична апофиза;
  • горна апофиза;
  • рачка што се поврзува со слушното тапанче.

Големина и поврзување

Чеканчето како и другите две коски се најмалите коски во човековото тело и тие ја имаат целосната големина уште кога се раѓаме;

  • чеканчето е поврзано со другите две ковчиња со помош на два подвижни зглоба, кои се меѓусебно поврзани и даваат огромна подвижност со мала загуба на енергија при преносот на звукот до внатрешното уво, движењата ги вршат два мали мускули;

Слушен механизам

Улога на чеканчето, стременот и наковалната во слушниот механизам:

  • звучните бранови доаѓаат од надворешната средина и преку надворешниот слушен канал одат до мембраната на тапанчето;
  • ковчињата во средното уво (чеканче, стремен и наковална) треперат и основата на стременот се раздвижува и удира на овалниот прозорец;
  • треперењата на основата на стременот се пренесуваат преку овалниот прозорец до перилимфата на вестибуларната преграда на полжавот;
  • треперењата го поттикнуваат слушниот орган (Кортиевиот слушен орган) и праќаат нервни импулси што одат до големиот мозок преку нервот на полжавот;
  • откако ќе биде стимулиран органот за слух, вибрациите преминуваат во перилмфата на преградата на тапанчето и се губат во тркалезниот прозорец.

Галерија

Надворешни врски