Черепјани

село во Населичко, Егејска Македонија
(Пренасочено од Черепјан)

Черепјани (Черепјан или Черепништа; грчки: Γλυκοκερασιά, Гликокерасиja; до 1927 г. Τσιαραπιανή, Цјарапјани[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 35 жители (2011). Сè до 1923 г. било населено со Валахади (Грци-муслимани).[3]

Черепјани
Τριάδα
Черепјани is located in Грција
Черепјани
Черепјани
Местоположба во областа
Черепјани во рамките на Горуша (општина)
Черепјани
Местоположба на Черепјани во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°15.29′N 21°16.30′E / 40.25483° СГШ; 21.27167° ИГД / 40.25483; 21.27167
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЦотил
Надм. вис.&10000000000000800000000800 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно35
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

Селото е сместено во областа Населица, на 15-тина километри југозападно од гратчето Лапчишта, североисточно од Жупан и 5 км западно од Цотил.

Историја

Во Отоманското Царство

Од името на селото се гледа дека првично било македонско. На крајот од ХІХ век Черепјани се води како муслиманско гркојазично село во Населичката каза.

Според Васил К’нчов во 1900 г. во Черепјан (Черепништа) живееле 140 Валахади (Грци-муслимани).[4]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона во 1904 г. во селото имало 100 Валахади.[5]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. Печани е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година селото имало 131 жител,[6] кои во 1920 г. се намалиле на 98 лица.[3]

Во средината на 1920-тите населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор и на негово место се доведени Грци од Понд. Во 1928 г. Черепјани е заведено како наполно дојденско село со 58 жители (16 семејства).[7] Во 1923 г. дојденците ја изградиле црквата „Св. Никола“, обновена во 1943 г.[8] Во 1927 г. името на селото е сменето во Гликокерасија, што во превод значи „слатка цреша“.

Почнувајќи од 1960-тите населението почнало да опаѓа поради иселување, и продолжило во тој правец до денес.[3]

Во 1987 г. источно од селото е изграден параклисот „Св. Троица“, на местото каде, според преданијата, се наоѓала старата селска црква пред потурчувањето на жителите.[9]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година194019511961197119811991200120112021
Население12511412910076666835
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото произведува од сè по малку, а особено е развиено сточарството.[3]

Поврзано

Наводи