Четворица како еден (филм од 1996)

Четворица како еден (англиски: Multiplicity) е американски филм од 1996 година, во режија на Харолд Ремис. Главните улоги ги толкуваат: Мајкл Китон, Енди Мекдауел и Харис Јулин.

Содржина

Даг Кини (го игра Китон) е верен сопруг, татко и деловен човек. Тој има преубава жена (ја игра Мекдауел), но напорната работа не му дозволува да ужива во животот. Случајно, тој се запознава со познатиот генетичар д-р Овен Лидс (го игра Јулин), кој ќе му понуди на Даг да го клонира и така да оствари поголема контрола врз својот живот.[1] [2] [3]

Наводи