Шварценбек

Шварценбек (германски: Schwarzenbek) — град во округот Војводство Лауенбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа околу 10 километри североисточно од Гестхахт и 35 километри источно од Хамбург. Грбот на Шварценбек прикажува црн волк на жолто поле, водата ја претставува реката Шварце Беке (буквално: „црн поток“). Градот претставува административно седиште на општинската заедница Шварценбек-Ланд, иако самиот град не е дел од заедница.

Шварценбек
Црква во Шварценбек
Црква во Шварценбек
Црква во Шварценбек
Грб на Шварценбек
Шварценбек во рамките на Германија
Шварценбек
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаШлезвиг-Холштајн
ОкругВојводство Лауенбург
ГрадоначалникФранк Руперт
Основни податоци
Површина11,56 км2
Надм. височина44 м
Население16.560 (31 декември 2020)[1]
 - Густина1.433 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.RZ
Пошт. бр.21493
Повик. бр.04151
Порталwww.schwarzenbek.de
Местоположба на градот Шварценбек во рамките на округот Војводство Лауенбург
Карта
Карта
Координати53°30′15″N 10°28′45″E / 53.50417° СГШ; 10.47917° ИГД / 53.50417; 10.47917

Историја

Прв познат доказ за населението околу Шварце Беке бил во 1291 година. Градските права му биле доделени во 1953 година од владата на Шлезвиг-Холштајн. Местоположбата го направила Шварценбек привлечен за многу луѓе, кои работеле во Хамбург поради добрата поврзаност. Поврзуван е со Либек и Хамбург, главните градови на северот на Германија.

Меѓународни односи

Шварценбек е збратимен со следниве градови:

Наводи

Надворешни врски