Штефан Денифл

австриски велосипедист

Штефан Денифл (германски: Stefan Denifl; р. 22 септември 1987 во Фулпмес) — поранешен австриски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално помеѓу 2006 и 2018 година за седум различни професионални екипи.

Штефан Денифл
Денифл на Трката околу Австрија 2009
Лични податоци
Цело имеШтефан Денифл
Роден22 септември 1987(1987-09-22)(36 г.)
Фулпмес,  Австрија
Висина1,79 м
Маса65 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување и хронометар
Аматерски клубови
2006
2007–2009
2009
Предарлскаер
Елк Хаус-Симплон
Сервело ТестТим (стажант)
Професионални клубови
2010
2011
2012
2013–2016
2017-2018
Сервело ТестТим
Леопард Трек
Вакансолел-ДКМ
ИАМ Сајклинг
Аква Блу Спорт
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Национален хронометарски првак (2008)

Во 2019 година, Денифл признал допинг во текот на пет години во неговата кариера и му била доделена четиригодишна забрана од спортот; како последица на ова, Денифл добил двегодишна казна во 2021 година за сериозна трговска измама.

Кариера

Денифл започнал со велосипедизам во 2001 во екипата Тим Бајк Денифл како планински велосипедист. Во 2003 преминал во друмскиот велосипедизам во екипата Тим ЕАМТК Рехајс Латела. Од 2004 е насочен само на друмскиот велосипедизам. Во 2005 бил земен од Хајко Залцведел во развојната програма на екипата Т-Мобајл. Во 2006 потпишал со континенталната екипа Предарлскаер, а од 2007 до 2009 бил дел од Елк Хаус-Симплон. Во 2009 возел како стажант за Сервело ТестТим,[1] и возел со нив како професионалец следната година. Во 2012 година возел со Вакансолел-ДКМ[2] пред да се приклучи на ИАМ Сајклинг следната година.[3] Во октомври 2016 година, Аква Блу Спорт објавиле дека Денифл, заедно со колегата Ли Хауард, ќе бидат дел од нивниот прв состав за сезоната 2017.[4] Откако Аква Блу се распаднала во летото 2018 година, во октомври истата година Денифл првично бил најавен како член на Ванти-Гобер за следната сезона, меѓутоа во декември 2018 година објавиле дека двете страни заеднички се согласиле да го прекинат договорот поради лични причини, кои не биле наведени во тоа време.[5]

Допинг на крв

Во февруари 2019 година, весникот „Кронен Цајтунг“ објавил дека бројни професионални велосипедисти биле вклучен во допинг-скандалот откриен на Светското нордиско првенство 2019. Подоцна, Денифл признал за допингот во полиција[6] додека генералниот менаџер на екипата ЦЦЦ, Џим Очовиц, потврдил дека биолошкиот пасош на Денифл немал предупредувачки значи за допинг на крвта.[7][8] Денифл добил четиригодишна забрана на 27 јуни 2019 година.[9] На 12 јануари 2021 година било објавено дека Денифл ќе добие двегодишна затворска казна за измама.[10] Следната година, првобитната казна била поништена и предметот се вратил на повторно судење.[11]

Достигнувања

2004
3. Национално јуниорско друмско првенство
2005
Национални јуниорски друмски првенства
1. Друмска трка
2. Хронометар
2. Краен пласман Трофео Карлсберг
6. Европско друмско првенство под 23 години
2007
9. Ешборн-Франкфурт под 23 години
2008
Национални друмски првенства
1. Хронометар
1. Хронометар под 23 години
1. Ешборн-Франкфурт под 23 години
5. Краен пласман Џиро дела Реџоне Фриули Венеција Џулија
2009
1. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години
7. Краен пласман Трка околу Баварија
8. Краен пласман Трка околу Австрија
2010
7. Краен пласман Трка околу Австрија
7. Краен пласман Трка околу Баварија
8. Краен пласман Вуелта Кастиља и Леон
2011
5. Гран при Монтреал
9. Краен пласман Гран при де Валони
2012
5. Краен пласман Тур ду Лимузен
2013
1. Планински пласман Трка околу Баварија
2. Национално друмско првенство
5. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
2014
7. Краен пласман Париз-Ница
2015
1. Планински пласман Тур де Свис
10. Краен пласман Трка околу Австрија
1. Пласман за најдобар австриски возач
2017
1. Краен пласман Трка околу Австрија
1. Етапа 17 Вуелта а Еспања

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка20102011201220132014201520162017
Џиро7552
Турне настапил во текот на својата кариера
ВуелтаСО58

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски