15 мај (настани)

шаблон на Викимедија
1848 Во Париз, работниците го распуштиле уставотворното собрание и формирале револуционерна влада.
1926 Во Загреб проработи првата среднобранова радиостаница на Балканот.
1943 Во Москва, по иницијатива на Сталин, била распуштена Комунистичката интернационала (Коминтерната).
1945 Во Југославија завршиле вооружените дејства во Втората светска војна.
1957 Велика Британија ја изврши првата термојадрена проба во централниот Тихи Океан.
1988 По осум години војна, Советската армија го започна своето повлекување од Авганистан.
1992 Во Перт, Австралија, отворен е првиот Македонски информативен центар надвор од границите на Република Македонија.
1992 Бил нападнат воен конвој на ЈНА во Тузла, Босна и Херцеговина при што биле убиени 49 војници.
1995 Кај селото Богомила, велешко, е предадена во употреба првата електроцентрала на реката Бабуна.
2012 Франсоа Оланд станува претседател на Франција.
2013 Челси ја освои Лига Европа