Bell 206 JetRanger

Хеликотерот Bell 206 е развиен по конкурсот на Армијата на САД за лесен набљлудувачки хеликоптер. Иако во првиот обид од страна на Армијата на САД хеликоптерот не е прифатен, се продолжува со негово производство, а првите испораки од 40 хеликоптери се направени за Морнарицата на САД, со варијантата ТН-57 Sea Range, наменети за обука на пилотите. Армијата на САД ја променила одлуката и по купени 1,434 набљудувачки хеликоптери ОН-6, во 1969 година го нарачува хеликоптерот Bell 206 во извидувачка варијанта. Хеликоптерот Bell 206 е еден од најпродаваните хеликоптери во светот, а се произведени повеќе од 8,000 парчиња во воена и во цивилна верзија. Во текот на производството на хеликоптерот се изведени многу модификации.

Bell 206 JetRanger
Bell 206 JetRanger
 
Цело имеBell 206 JetRanger
Типповеќенаменски хеликоптер
Класалесен
Сместувањееден или два пилота или три или четири патници
Земја на потеклоСАД
ПроизводителBell Helicopter Company/Bell Helicopter Textron (САД/Канада), Agusta (Италија), Cardoen Industries (Чиле)
Земји кориснициАвстрија, Австралија, Бангладеш, Бразил, Брегот на Слоновата Коска, Брунеи, Бугарија, Венецуел,а Грција, Гватемала, Гвајана, Еквадор, Израел, Индонезија, Иран, Италија, Јамајка, Јужна Кореја, Камерун, Колумбија, Кипар, Либија, Малта, Мексико, Мароко, Обединети Арапски Емирати, Оман, Пакистан, Перу, САД, Саудиска Арабија, Словенија, Танзанија, Тајван, Тајланд, Турција, Уганда, Јемен, Хрватска, Чиле, Шведска, Шри Ланка.
Наменапрвенствено за цивилни потреби, но и за воени потреби во некои држави
Моториеден турбомлазен мотор Allison-C20J, со сила од 420 кс
ДимензииДолжина со ротори: 11,92 м

Височина: 2,89 м

Пречник на HP: 10,2 м

МасаПразен: 744 кг

Максимална: 1,452 кг

Корисна: 680 кг

ПерформансиМаксимална брзина: 225 км/ч

Крстосувачка брзина: 213 км/ч

Максимална височина: 4,023 м

Максимален долет: 694 км

Траење на летот: 4 ч

Вкупно гориво: 344 литри (91 галон)

Опремастандарна комуникациска и навигациска

Вооружување

Митралези странично на вратите, торпеда

Варијанти

  • Model 206A Jet Ranger - прва производна верзија, со турбомлазен мотор 250-C18, со сила од 317 кс
  • Model 206B Jet Ranger II - втора производна верзија, со турбомлазен мотор Allison 250-C20, со сила од 400 кс
  • Model 206B-3 Jet Ranger III - подобрена верзија со турбомлазен мотор Allison 250-C20
  • Model 206 AS - чилеанска морнаричка верзија, вооружена со торпеда
  • TH-67 Creek - верзија од JetRanger III, за основна обука на Армијата на САД, означена и како ТН206
  • TH-57 Sea Ranger - верзија со 206А стандард, за обука во Морнарицата на САД
  • TH-57B Sea Ranger - верзија со 206В стандард, за обука во Морнарицата на САД
  • TH-57C Sea Ranger - верзија со JetRanger III стандард, за обука на Морнарицата на САД