Прејди на содржината

Ивица Дачиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ивица Дачиќ
Премиер на Србија
На должноста
31 мај 2017 – 29 јуни 2017
ПретседателАлександар Вучиќ
ПретходникАлександар Вучиќ
НаследникАна Брнабиќ
На должноста
27 јули 2012 – 27 април 2014
ПретседателТомислав Николиќ
ПретходникМирко Цветковиќ
НаследникАлександар Вучиќ
Министер за надворешни работи
На должноста
Стапил
27 април 2014
ПремиерАлександар Вучиќ
ПретходникИван Мркиќ
Министер за внатрешни работи
На должноста
7 јули 2008 – 27 април 2014
ПремиерМирко Цветковиќ
ПретходникМирјана Орашанин
НаследникНебојша Стефановиќ
Лични податоци
Роден(а)1 јануари 1966(1966-01-01)(58 г.)
Призрен, СФР Југославија
ПартијаСоцијалистичка партија
СопружникСања Дачиќ
Деца2
Установауниверзитет во Белград
Потпис

Ивица Дачиќ (1 јануари 1966 во Призрен) — српски политичар и претседател на Социјалистичката партија на Србија, кој извршувал повеќе високи функции во српската влада. Дачиќ бил министер за внатрешни работи во периодот 2008–2012, а потоа истовремено ги извршувал функциите премиер и министер за полиција до 2014. Во периодот 2014–2017 бил министер за надворешни работи и заменик премиер, а по започнување на претседателскиот мандат на Александар Вучиќ во 2017, Дачиќ повторно ја преземал премиерската позиција. Во периодот 1999–2000 бил претседател на КК Партизан.[1]

Дачиќ дипломирал на универзитетот во Белград во 1989 година, а во 1991 се приклучил на Социјалистичката партија. Дачиќ брзо напредувал во партиската хиерархија, па така во 1992 станал портпарол на партијата. Тој многу се угледувал на српскиот претседател и водач на социјалистите Слободан Милошевиќ, па така се здобил со прекарот „малиот Слобо“.[2] По симнувањето од власт на Милошевиќ на 5 октомври 2000, Дачиќ станал член на претседателството на партијата, а по смртта на Милошевиќ во 2006 и водач на социјалистите. Дачиќ работел на реформирање на партијата од националистичка во про-европски ориентирана. Оженет е со Сања со која има две деца. Зборува руски и англиски јазик.[3]

Наводиуреди извор

Надворешни врскиуреди извор

🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајГоце ДелчевМакедонски парламентарни избори (2024)Свети Кирил и МетодијМакедонијаГордана Сиљановска-ДавковаКарлес ПуџдемонНова КаледонијаОче нашМарко ЦепенковПретседател на МакедонијаПреспански договорСкопјеСредоземно МореСловачкаВтора светска војнаПечалбариМакедонски претседателски избори (2024)Македонска револуционерна организацијаСписок на македонски народни поговоркиБојана АтанасовскаМочуриштеХристијан МицкоскиКорупцијаГригор ПрличевМакедонски парламентарни избори (2020)Чорбаџи ТеодосИталијаКочо РацинПеколот (Божествена комедија)Лудвиг ван БетовенСпецијална:СкорешниПромениИлинденско востаниеПанонски легендиДржавни празници во МакедонијаТурцијаКалеш АнѓаПоштенски броеви во Македонија